5 карактеристики на совршените врски

Животот е поубав кога го делиме со некој, семејство, пријатели, партнери… дури и тотални странци. Постојано учиме нешто повеќе за себе и се развиваме индивидуално, а со тоа се развива и врската која ја имаме со другите луѓе.

Иако, најважна е врската што ја имаме самите со себе, сепак романтичната врска е едно посебно интимно доживување. Партнерите не се дефинирани од генетски или фамилијарни врски, но сепак делат голем дел од животот заедно. Неприкосновената врска е навистина ретка, бара целосна созреаност, компатибилност на партнерите, но и голема взаемна љубов и почит.

Ова се пет карактеристики на неприкосновените врски:

1. Можат да бидат свои

Во квалитетна врска, нема да чуствуваш потреба да се цензурираш себе си. Ќе се чуствуваш слободен да го покажеш сиот спектар на твојата личност и ќе ја тргнеш маската што можеби ја имаш во општеството.

2. Ја задржуваат индивидуалноста 

Иако си ги отстранил сите бариери за да направиш место за својот партнер, сеуште чуствуваш независност во врската. Иако делите заедено многу работи, сеуште имаш и одржуваш твои интереси и желби. Не се потпирате еден на друг за да може да функционирате или да се чуствувате „целосни“, и тоа е взаемно.

3. Имаат заеднички желба за личен развој

Свесно неприкосновените врски секогаш се движат во насока на раст: за партнерството и за секој индивидуално. Желбата да се попречи растот на другиот е манифестација на страв. Дури и кога еден е загрижен дека врската може да се растури, тие прифаќаат дека нивните патеки може да се изменат, доколку тоа значи напредок за двајцата. Еволуцијата се става пред личната добивка.

4. Имаат посебно место еден за друг

Посебното место опфаќа манифестација на љубовта и почита што ја имате еден за друг. Тоа значи да знаете да се сослушате и да си дадете до знаење дека сте тука еден за друг, без разлика на се. Тоа не е начин да се обидеш да го поправиш партнерот, туку да се биде сведок на целосното лице за вашиот партнер.

5. Спокојни се

Животот не е постојано прекрасен, па така такви не се ни врските. Како и да е, поголемиот дел од времето поминато заедно ви е спокојно, а заедничките разговори ве освеживаат, а не исцрпуваат.

Анксиозноста не е пожелна за никој од партнерите. Иако има стресни ситуации, двата партнери се посветени за обновување и заврстување на нивната врска, со минимални последици.

 




Коментари

коментари