5 клучни нешта кои доведуваат до неверство во врската

Британските стручњаци за врски и односи открија 5 клучни нешта кога е во прашање прељубата

Иако многумина живеат со уверување дека тинејџерите се тие кои изневеруваат во врски, спрема едно британско истражување, и жените и мажите најчесто се одлучуваат за неверство во односите во 39-тата година, додека на второ место се наоѓаат особите со 10 години помалку.

Како главна причина луѓето во најголем број од случаите истакнуваат дека е во прашање – недостаток на возбуда во креветот, додека промената како таква е на доста неславно последно место. Истражувањето всушност покажа дека личностите се најсклони кон неверство кога се ближат до декада од својот живот, односно 19,29,39.. Во главно затоа што бараат внимание од партнерот или е во прашање неверство од одмазда.
Судејќи по истражувањето, исто така личностите најчесто изневеруваат во лето.

Пет главни причини за неверство:
1.Недостаток на возбуда во креветот (76%)
2.Имале шанса (54%)
3.Досада во врската (46%)
4.Повторен контакт со стара љубов, во главно по пат на социјални мрежи (28%)
5.Желба за промена (22%)




Коментари

[fbcomments]