Чек дис аут
Search


5 книги кои можете да ги прочитате за еден ден: Класици на светската книжевност!

Многу луѓе се откажуваат од читањето кога ќе видат дека романот има премногу страници. Во ситуации кога се сигурни дека во работните денови нема да стигнат да прочитаат повеќе од неколку страници и сѐ ќе заборават до викендот, тие свесно или несвесно се одлучуваат за пократки дела. 

Наместо тоа, луѓето бираат лесна литература за читање во текот на викендот. Ова се пет дела кои се сврстуваат во врвни книги и топло ви препорачуваме да ги прочитате.

1. Животинска фарма, Џорџ Орвел (1945)

Орвеловата алегорија за Октомвриската револуција и нејзините последици е долга малку повеќе од 100 страни. Романот се случува на фарма на која животните решиле да се ослободат од својот сопственик, господинот Џоунс и да го преземат имотот. Организирано најпрво како своевидна егалитарна утопија, нивното ново општество, секако, набргу станува тиранија бидејќи „сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите.“

2. Божиќна Приказна, Чарлс Дикенс (1843)

Во фокус на Божиќната приказна е Ебенезер Скруџ, кој во текот на Бадник го посетува неговиот одамна починат бизнис партнер Џејкоб Марли. Тој преку својот пример му покажува што го чека по смртта ако продолжи да биде лаком и саможив, но исто така му открива дека сѐ уште има шанска да го промени тоа. Оваа новела (околу 90 страни) многу пати се нашла и на малите екрани и редовно се емитува на телевизиите во текот на божиќните празници.

3. За глувците и луѓето, Џон Стајнбек (1937)

Како и многу други дела на Џон Стајнбек, дејствието на „За глувците и луѓето“ се случува во текот на Големата депресија. Главниот протагонист на оваа новела е Џорџ Милтон и неговиот нераздвоен пријател Лени Смол, кој има блага ретардација. Вработени на плантажата во Калифорнија во текот на економската криза, тие двајца сонуваат дека еден ден работат на своја фарма меѓутоа поради несреќниот сплет на околности како и неприлагодливоста на Лени, овој сон ќе се доведе во прашање.

4. Малиот принц, Антоан де Сент Егзипери (1937)

За „Малиот принц“ честопати се вели дека е детска книга која треба да ја прочитаат возрасните. Тоа е приказна за пилот кој се наоѓа во пустина со едно момче од друга планета, откако неговиот авион се руши во текот на Втората Светска Војна. И додека тој се обидува да го поправи своето летало, малиот принц во текот на наредните осум денови ќе му ја раскаже својата интересна животна приказна.

5. Старецот и морето, Ернест Хемингвеј (1954)

„Старецот и морето“ е последното големо дело на Ернест Хемингвеј. Го напишал во 1951. година додека живеел во Куба. Во овој краток роман се опишани деновите на несреќниот рибар Сантијаго кој никако не може да улови нешто. По осумдесет и четири сушни денови, нему конечно му се укажува прилика да улови риба, но не без голема борба.




Коментари

коментари