5 книги совршени за ова лето: Лесна и возбудлива содржина која ќе ја прочитате во еден здив!

Од возбудлив трилер чија девојка од возот нема да ја заборавите, преку љубовен роман кој го прати триаголник низ дигиталниот свет до книга која на духовит начин се занимава со органите за варење… ова се книги кои треба да ги прочитате ова лето!

Клучот на телото – Џулија Ендерс

Бестселер бр.1 од областа на здравјето продаден во преку милион примероци. Оваа книга е прав феномен! Откако се појавила на германскиот пазар го заземала првото место на сите топ листи. И сѐ до ден денес тоа не е променето. Вистинска реткост, со оглед на тоа дека станува збор за книга чија главна тема е нашиот орган за варење.

Прељуба – Пауло Коељо

Зачудувачка приказна за тоа како изгледа да имате сѐ, а да бидете несреќни. Линда секогаш сака повеќе… По средбата со политичарот кој некогаш бил нејзино момче, уште пред да се омажи и стане почитувана жена, посветена мајка и успешна новинарка, таа се впушта во страствена, опасна и заразна врска со сериозни последици.

Рецепт за љубов – Кејти Форд

Шаармантно, забавно и романтично! Совршено дело за на одмор. Кејти Форд, неприкосновената кралица на љубовните романи, со овој роман нуди прав рецепт за сите оние кои уживаат во романтичните приказни.

ПР- Александар Илиќ

Роман за љубовен триаголник кој ги истражува границите на љубовта и бесконечноста на интернетот. Провокативен роман на новата, свежа и автентична современа српска книжевност.

Девојката од возот – Пола Хокинс

Опсесивна љубов. Ледена дволичност. Прикриено зло. Живот од соништата претворен во грда реалност. Врвен трилер чиј расплет ќе ве остави без здив!




Коментари

коментари