Категории

5 креативни начини да му соопштите на сопругот дека сте бремена!

Бидејќи вие сте првата личност која дознава дека е бремена, имате шанса да го изненадите сопругот соопштувајќи му ја оваа голема вест. Доколку немате идеја како да го израдувате, ние ви ги предложуваме следниве опции:

1. Овековечете го моментот преку фотографија

Закажете семејна фотосесија и пред да слика фотографот нека му соопшти на сопругот дека очекувате дете. На тој начин неговата реакција засекогаш ќе биде овековечена на фотографија.

2. Направете персонализирана сложувалка

Персонализирана сложувалка со порака или фотографија од вашиот ултразвук. Редете ја сложувалката заедно и уживајте во неговата реакција.

3. Скријте го тестот за бременост

Ставете го на некое место кое често го посетува во домот за да може да го најде – изненадувањето ќе биде неизбежно!

 

4. Направете персонализирана шолја каде што ќе пишува дека ќе стане татко

Нарачајте шолја преку среќните производи на среќа.мк со персонализирана порака. Направете му го утринското кафе во шолјата, а кога ќе забележи што пишува на неа, на среќата ќе и нема крај.

5. Нарачајте перница за трудници со персонализирана навлака

Перниците за трудници се особено корисни во текот на бременоста за да си обезбедите мирен сон, а кога ќе ја види перницата во домот заедно со пораката која ја пишува на навлаката, со сигурност нема да остане рамнодушен на прекрасната вест.

Прегледи:
1620
Објавено на:
22.05.2019