5 љубовни лаги со кои си ја уништуваме шансата за среќа

5-ljubovni-lagi-so-koi-si-ja-unistuvame-sansata-za-sreka-naslovna-1140x794

Без разлика дали во моментов сте сингл или во врска, барем еднаш сте се излажале сами со некоја лага со која сте си ја саботирале среќата.

Денес ви ги претставуваме лагите во кои мора да престанете да верувате за да имате квалитетна љубовна врска.

# Не заслужувам подобро…

Ваквото размислување може да ве спречи да излезете од врска која не е добра за вас. Дамите кои веруваат во оваа лага често влегуваат во лоши бракови.

# Љубовта не е за мене…

Чувството дека на сите освен вас им е судена љубовта верувајте е честа појава. По неколку неуспешни врски склони сме да размислуваме на овој начин. Така сами на себе си ја скратуваме можноста да бидеме навистина среќни.

# Знам дека мојата врска не е добра, но се е подобро од тоа да бидам сама…

Многу дами веруваат дека е нормално да бидат со погрешен човек додека не наиде вистинскиот. Но мора да престанете да си ја кажувате оваа лага, бидејќи на крајот ќе завршите со човек кој не е за вас.

Во љубовта треба да ризикувате и да го сакате само најдоброто за себе.

# Тоа мора да биде љубов на прв поглед…

Немојте на првиот состанок да одите со однапред подготвени очекувања. Ако не се вљубите на прв поглед не значи дека врската треба да ја осудите на пропаст. Понекогаш е потребно време да се развие нешто добро и квалитетно. Плус врската не смее да се базира само на хемија, ако и недостасуваат важните квалитети тогаш таа нема иднина.

# Не сакам да размислувам за проблемот, ќе се среди сам од себе…

Но тоа нема да се случи. Ниту еден проблем кој ќе го скриеме под тепих нема да исчезне, туку ќе се појави кога најмалку го очекуваме.

Ако се грижите за работите кои не се добри во вашата врска, со игнорирање само ќе го одложите неизбежното.




Коментари

коментари