Категории

5 луѓе во светот кои имаат повисок коефициент на интелигенција дури и од Ајнштајн

Тие се генијалци, нивниот коефициент на интелигенција е супериорен, а знаењето кое го имаат стекнато уште во раните години од животот, поголемиот дел од луѓето не го стекнуваат за цел живот. Некој од нив е криминалец, некој чудо од дете, но сигурно тие се најпаметни од целиот свет.

1. Ainan Celeste Cawley – Коефициент на интелигенција – 263

За овој мал ирски гениј се проценува дека има коефициент на интелигенција 263. Со само осум години веќе ги има слушано предавањата од третата година на Сингапурскиот Универзитет по Политехника, а со девет години ги меморирал првите 518 децимални места на бројот Пи.

Исто така, тој е најмладиот човек кој некогаш го положил напредниот испит по хемија, како и напредниот испит по физика со деветка. Со дванаесет години го напишал првото сценарио за краткиот филм „Рефлексија“. Денес се занимава со пишување сценарија, пишување музика, како и со науката, која е и понатаму негова страст.

2. Marilyn vos Savant – Коефициент на интелигенција – 228

Со само десет години Marilyn го направила тестот Stanford-Binet кој го пресметал нејзиниот коефициент на интелигенција 228, поради што го држела и Гинисовиот рекорд на оваа категорија се до 1990. година, поради мислењата дека резултатите од овој тест не се најрелевантни.

Од 1986. година има своја рубрика „Прашај ја Мерилин“ каде што одговара на филозофски и математички прашања на читателите. Пишува книги и сценарија и држи предавања на еден дел во САД.

3.  Sho Yano – Коефициент на интелигенција – 200

Американскиот доктор Sho Yano веќе на две години течно читал, пишувал на три години, а на четири свирел класична музика на клавир. Со девет години тргнал на Универзитет, а на дванаесет години дипломирал со сите почести, а до 21. година завршил магистерска и докторат.

 

Има црн појас во tae kwan do, а на четири години почнал да прави музика. И покрај многубројните негови интереси, тој се одлучил за детска неврологија.

4. Evangelos Katsioulis – Коефициент на интелигенција – 198

Со коефицинет на интелигенција од 198, Evangelos Katsioulis ги поседува сите можни титули кои еден човек може да ги добие на Универзитет – тој е магистер, доктор по уметност, доктор по медицина и доктор по филозофија. Тој има највисок тестиран коефициент на интелигенција во светот. Грчкиот доктор исто така има и диплома по филозофија и медицинско истражување.

5. Rick Rosner – Коефициент на интелигенција од 192 до 198

Rick Rosner досега правел тестови за интелигенција повеќе од триесет пати, а резултатите се помеѓу 192 и 198, зависно од тоа како се дефинирани. Пред да стане писател, работел како обезбедување, стриптизер и модел.

Најпознат е по тужбата која ја подигнал против телевизиската мрежа АБЦ откако изгубил во квизот „Кој сака да биде милионер“ на прашањето за 16.000 долари, поради погрешно поставено прашање. Случајот против оваа телевизиска мрежа го изгубил.