Категории

5 мали зборови и фрази кои ќе ви го трансформираат животот

Многу е важен односот кој го имаме со другите луѓе, но и со самите себе, а тој пред се, се гради и негува со комуникација.

Затоа е важно како разговараме со луѓето во нашиот живот, дали покажуваме благодарност и сочуствителност, дали ги вреднуваме и почитуваме.

Ова се некои зборови кои со правилна примена ќе донесат позитивна промена во вашиот живот и односот со другите луѓе.

3830bdc55710a75ee7ca67d213cad750

1. “Некои”

Употребувајќи збор како „некои/нешто/дел“ наместо „се“ или „ништо“ ќе ви донесе поинаква, позитивна, перспектива во животот и ќе ја намалите генерализацијата.

НА ПРИМЕР: „Некои работи не ми одат како што сакам“ што звучи подобро од „ништо не ми чини.“

2. “И”

Уште една промена која многу менува е уптребата на „И“ наместо „НО“ со што потикнувате дијалог и избегнувате конфликт.

НА ПРИМЕР: „Се согласувам со тоа што го кажуваш И се прашувам дали може да го преиспитаме ова“ со што имате можност за корекција, без другата страна да се чуствува нападната, туку ценета и слушната.

3. “НЕ”

Употребата на зборот „не“ може да ви донесе лично исполнување и подобри односи со луѓето околу вас, се е до наоѓањето на баланс.

НА ПРИМЕР: Кажувањето „не“ на ангажман кој не ви одговара во моментот, значи дека си го цените вашето време. Кажувањето „не“ на една работа, значи „да“ за друга работа, изборот е ваш дали ќе го правите тоа што го сакате и со кого сакате.

4. “ТИ БЛАГОДАРАМ”

Мал збор кој има големо влијание врз другите луѓе. Со искажување на благодарноста внесувате оптимизам, а другата страна се чуствува вреднувана. Насмевнете се и заблагодарете се на луѓето кои ќе ви отворат врата, на улица кога ќе се поместат за да поминете или пак кога ќе го задржат лифтот. Малите зборови на благодарност и комплименти го збогатуваат нашиот дух и носат позитивна енергија кај останатите.

НА ПРИМЕР: На пријателот кој направил нешто за вас пратете му едноставна порака со благодарност.

5. “ЖАЛ МИ Е”

„Извини/Жал ми е“ мали, моќени зборови. Односите со луѓето ќе ви бидат комплетни доколку знаете да се заблагодарите, но и да се извините кога сте погрешиле. Го ставате настрана вашето его или пак сочуствувате со нечија тага или болка. Тоа е знак за емоционална зрелост, а луѓето тоа го ценат.

НА ПРИМЕР: Кажете му на колегата „Жал ми е што си имал ужасен состанок. Тоа звучи фрустрирачки.“ Покажува дека ги слушате другите луѓе и ги разбирате, а тие тоа го ценат.

Прегледи:
775
Категории:
Животен стил
Објавено на:
17.07.2016