Категории

5 места на кои летото трае вечно: Дестинации од соништата!

Уживајте во фотографиите, а доколку сте во можност, спакувајте ги куферите и започнете ја својата авантура!

Ако сте и вие помеѓу големиот број на луѓе на кои не им се допаѓа фактот дека летото полека завршува, ви претставуваме пет дестинации на кои не постои друго годишно време.

Маракеш

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marrakech | Marrakesh/Morocco (@inmarrakech) on


Мароканскиот кралски град Маракеш ќе ве магепса со своите живи улици, хаотични пазари, магични градини и прекрасна храна, но љубителите на летото посебно ќе бидат одушевени што дури и во ноември ќе ги пречека температура од 20 степени.

Пустински температури, кои знаат да бидат и многу променливи и прилично екстремн, но поголемиот дел од денот сепак грее сонце како создадено за километарски прошетки и неуморно истражување.

Канарски острови

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ven a Canarias (@venacanarias) on


Ако посакувате егзотични патувања, Канарските острови се идеален избор за одмор. Тенерифе, Гран Канарија, Лансароте, Ла Гомера, Ел Хиеро, Фуертевентура и Ла Палма ги сочинуваат седумте шпански острови од вулканско потекло, а покрај природните убавиини се одликуваат со блага клима во текот на целата година поради што ги нарекуваат „острови на вечната пролет“. Ако сакате да лежите на плажа или да сурфате, Канарските острови се вашата дестинација од соништата.

Сан Диего

 

View this post on Instagram

 

A post shared by San Diego Community (@san_diego_community) on


Град во јужна Калифорнија, до мексиканската граница, Сан Диего се наоѓа на Тихиот Океан, место на кое се мешаат различни влијанија и различни култури, познат по својата блага клима која многу потсетува на медитеранската. Повеќе од 200 денови во годината, Сан Диего има температура повисока од 20 степени, а дожд паѓа многу ретко, што го прави совршена дестинација за долги прошетки и истражување на знаменитостите.

Малта

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ɢʀᴇɢᴏʀʏ ᴋᴏᴍ • ᴛʀᴀᴠᴇʟᴇʀ (@momentsofgregory) on


Островска држава на Средоземното Море, Малта е одлично поврзана со авионски линии, па многу лесно ќе дојдете до нејзините плажи. Малта изобилува со прекрасни заливи, а на улиците се мешаат различни влијанија, поради што одморот ќе ви биде забавен. За климата не треба да се грижите, бидејќи температурата во ноември е околу 20 степени.

Куба

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Steffi 🌟📸 Travel Blog. (@steffixsl) on


Барате дестинација која е синоним за лето? Тоа е дефинитивно Куба! И не само поради високите температури кои владеат во поголемиот дел од годината, туку и поради шаренилата на кубанските улици, палмите, песочните плажи, но и позитивните вибрации кои се чувствуваат во секој дел од оваа необична земја. Велат дека Куба е земја на илјада насмевки, а ние мислиме дека тоа е сосема доволно да ги спакувате своите куфери и да резервирате карта. Вечното лето ве чека!

Прегледи:
264
Објавено на:
06.09.2019