Категории

5 места во кујната кои имаат повеќе бактерии од тоалетот

Бактериолошките тестови откриле кои се петте највалкани места во кујните. За да го спречите развивањето на бактерии и болести, дознајте како се појавуваат и елиминирајте ги.

1. Преградите во фрижидерот

Преградите за месо и зеленчук спаѓаат во највалканите места во кујната, а просечниот изваден примерок од нив содржи Салмонела, Листерија, габични инфекции и мувла. Сите овие бактерии предизвикуваат труење на желудникот, а луѓето ги мијат преградите од фрижидерот многу ретко – еднаш до два пати годишно. Треба да ги пребришувате барем еднаш во месецот.

2. Сунѓер и крпи за бришење

Повеќе од 85% од луѓето не ги чистат сунѓерите на доволно висока температура која би ги уништила штетните бактерии, па затоа тие содржат дури шест пати повеќе бактерии отколку ваките во тоалетите, за кои се смета дека се голем предизвикувач на заразни болести. Крпите исто така, се идеално место за размножување на бактерии бидејќи речиси секогаш се влажни, а околку 7% од сунѓерите имаат повеќе од милијарда бактерии на квадратен метар, 60% од нивја содржат опасната Ешерихија коли, а 25% од нив имаат висока концентрација на бактеријата Pseudomonas spp., која се поврзува со инфекциите на очите и кожата, но и некои фатални болести.

 

3. Отварач за конзерва

Предмет кој обично не се користи на секојдневна база туку повремено, а најчесто е валкан и прекриен со разни остатоци од храна – бидејќи ретко кој го мие. Тој доаѓа во контакт со опасни бактерии, а најчесто Ешерихија коли. Наједноставно решение е да го измиете откако ќе го користите, а не да го вратите во преградата каде што го чувате.

4. Блендер/миксер

Иако ретко кој го доживува својот миксер како валкан, бидејќи го мие редовно долниот дел од него кој сецка/меша, всушност тие можат да бидат легло на бактерии бидејќи храната во тие процеси, односно нејзините честички летаат насекаде. По секое користење треба да го расклопите и да го измиете или пребришете, секој дел одделно со топла вода и средство.

5. Работната маса и садоперот

Борбата против бактериите започнува во садоперот, бидејќи тука секојдневно се наоѓаат остатоци од храна, но и бактерии од месо. Еден од потенцијално најголемите извори на зараза е сировото пилешко, оваа храна е виновна за труењето во четири од пет случаи. Чистете го садоперот секојдневно со сода бикарбона и вода или мешавина од вода, осет и лимонов сок.

Прегледи:
361
Објавено на:
24.04.2018