5 модели на фармерки за сите девојки кои не сакаат да ги носат класичните „skinny jeans“ повеќе

Веќе со години ги носиме класичните „skinny jeans“ фармерки кои никогаш не разочаруваат и секогаш се ИН, но во последно време забележуваме владеење на модели на кои секако треба да им се даде можност.

Во 2018. година се случи интересен пресврт – „skinny jeans“ фармерките паднаа во втор план, а модните брендови се повеќе лансираат широки, опуштени модели. Во продолжение ви претставуваме 5 модели на фармерки кои се во мода оваа сезона.

„Mom“ џинс

Накратко кажано: „mom“ џинс се новите skinny џинс. Иззберете модел со висок струк, а кога станува збор за бјата – можете да ја изберете било која. „Mom“ фармерките се удобни и многу убаво и прилегаат на женската фигура.

A post shared by Natalia (@nataliakurda) on


Трапез

Ништо нема да ги направи вашите нозе да изгледаат поиздолжени од пар трапез фармерки со висок струк. Можете да ги носите и на рамни чевли и патики, но кога сакате да ги подигнете на поголемо модно ниво искомбинирајте ги со високи потпетици бидејќи на тој начин ќе видите колку ги издолжуваат нозете.

A post shared by Jelena Peric (@j_make_up) on


Фармерки со рамен крој

Изгледаат супер опуштено, а и многу се удобни. Можете и да ги завиткате ногавиците на нив, нешто што тренди девојките низ светот обожаваат да го прават. Овој модел е многу популарен помеѓу модната елита, а одлично е тоа што може да се носи и во кежуал и во елегантна варијанта.

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on


Широки кратки ногавици

Висок струк и широки, пресечени ногавици е нов модел на фармерки кој многу бргу се најде во гардероберот на сите девојки. Особено во овие топли месеци кога е незамисливо да се вовлечеме во skinny jeans – широките ногавици се тотален хит.

A post shared by Lydia (@lydiaemillen) on


Kick flare

Поигрувањето со силуетите и пропорциите генерално е една од најомилените нешта кои ни ги нуди модата. Kick-flare е вистински пример токму за тоа. Совршено одговара речиси на сите облици на женското тело и изгледаат добро во комбинација со се. За деловни пригоди можете да ги комбинирате со кошула и сандали на пета, а со обична маичка и патики се идеална опција за викенд излет во природа.




Коментари

коментари