5 модели на здолништа кои се апсолутен хит за оваа сезона! (ФОТО)

Пред нас се топлите денови во кои на себе обично сакаме да имаме што помалку облека. Токму затоа, во овој период од годината најудобро се чувствуваме во здолниште. Ова 5 модели се апсолутен хит за оваа сезона:

Слип здолништа

Нежните, сатенски здолништа во миди должина беа хит и минатата топла сезона, а од мода не излегуваат ни оваа. Модните стручњаци за месеците кои доаѓаат им предвидуваат уште поголема популарност бидејќи освен што се сестрани и ласкави, го преплавија Инстаграм и продавниците, па така тешко ќе може да им одолеете.

Животински принт

Едно од најпопуларните здолништа минатата година беше она во леопард принт, а оваа сезона животинските принтови се преселија и на сите други модели на здолништа и ваквите парчиња добиваат стилски бодови.

Хипи принт

Популарниот хипи принт оваа сезона ги живее своите пет минути слава, како на здолништата така и на остатокот од гардеробата. Кога станува збор за здолништата, еднакво добро изгледа и на мини моделите и на долгите широки здолништа од некоја лесна ткаенина.

Кариран принт

Примерокот кој баш никогаш не излегува од мода, наредните месеци ќе биде најпопуларен токму на здолништата. Сепак, за разлика од зимските карирани здолништа кои обично доаѓаат во варијанта од дебела ткаенина, пролетните и летни карирани здолништа се лесни и лелеави.

Цветен принт

Уште еден вечно популарен примерок од кој нема да се откажеме ниту оваа сезона. На здолништата најдобро изгледа во комбинација со разиграни карнери, а токму такви цветни модели оваа сезона се најпопуларни.




Коментари

коментари