5 модели на здолништа кои треба да ги имате во плакарот: Се носат и со потпетици и со патики!

Наскоро пристигнува пролетта, а со неа и омиленото модно парче – здолништето. Долга, кратка, најкратка, по личен вкус изберете го моделот најубаво ви прилега и се вклопува во вашиот стил на облекување.

Здолниште со тул

Иако некому делува неспоиво, здолништето од тул до под коленици феноменално одговара со патики. За потпетици, секако е создадено!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yhordanka Akwanza (Yhordy) (@florkubana.style) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Get Dressed (@getdressed.ee) on

Тексас здолниште

Со патики е феноменално за летни и вечерни прошетки, концерти, кафе…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie Khoo Fashion And Sounds (@jessie_khoo) on

Со потпетици и убава кошула, комбинацијата е идеална за вечерно излегување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Lublin (@andreaslookbook) on

Плисирано здолниште

Производителите најчесто го шијат до под коленици, а тоа се покажало како полн погодок, бидејќи со комбинацијата на спортски обувки и елегантно здолниште во оваа должина имате идеален изглед за секоја пригода – од кафе со другарките до деловни состаноци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Something by Nicky M. (@somethingbynicky) on

Од друга страна, плисираното здолниште и потпетици се неверојатно елегантна комбинација!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashion Blogger Sara Viktorie (@saraviktorie) on

Кожно здолниште

Вечното парче кое ќе ви трае со години и кое никогаш не излегува од мода. Како и здолништата со тул, можеби делува како чудна комбинација со патики, но всушност изгледа одлично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Capsostyle (@capsostyle) on

Кожното здолниште во комбинација со потпетици може да биде многу ризичен потег, но исто така може да изгледа префинето и елегантно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by fashionleatherfan (@fashionleatherfan) on

Лелеаво здолниште во средна должина

Нема попрактично парче за пролетта и летото од лелеавото здолниште! Без разлика дали станува збор за прошетка или за на работа, во комбинација со патики ќе изгледате романтично и преубаво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by r o m e r o y m i e l (@romeroymiel) on

Ако вашата работа бара од вас да бидете елегантни, или пак се подготвувате за вечерно излегување, искомбинирајте го лелеавото здолниште со потпетици и елегантна блуза и добивате стајлинг без грешка.




Коментари

коментари