5 Мудрости кажани од секојдневни луѓе, кон други секојдневни луѓе, кои им ги промениле животите

Сите сакаме да слушнеме мотивирачка изјава, инспиративен говор или мудра мисла. Многу често ваквите мисли можат да ни помогнат, но, најчесто ги слушаме или ги читаме од страна на автори или мотивирачки говорници. Тоа воопшто не е лошо, но, понекогаш имаат различен „шмек“ кога ќе ги слушнеме од страна на пријател или друг „секојдневен“ човек. Тоа е така бидејќи знаеме дека таа мудрост и ним им помогнала во нивниот живот, и затоа знаеме дека може вистински да ни помогне и нам.

(© ra2studio/stock.adobe.com)
LEADERS-Wisdomtree-011017-adobe
Open book with magical green tree and rays of light on wooden deck

Подоле споделуваме неколку приказни, најдени низ интернетот, каде што секојдневни луѓе кажале нешто толку мудро, или дале толку добар совет, што на соговорникот им го промениле животот.

1. Ова е привремено.
„Кога се соочував со неминовната смрт на мајка ми (терминален рак), седев на работа, и само празно гледав пред мене. Еден мој колега дојде, направивме контакт со очи, и ми рече: „Знаеш, се’ ова? Само е привремено.“. Се насмевнав и му се заблагодарив. Тој ден си заминав од работа порано и мислев на тоа со саати. Почнав да плачам, се изнаплакав и кога завршив со плачење, се чувствував подобро и колку повеќе го интернализирав тоа што ми го кажа, толку посилен бев да се соочам со ситуацијата. Ова беше пред 10 години, и се’ уште добро се сеќавам на тие зборови.“

2. Што ако не?
„Мојот психолог ми даде принт со слика од Вини Пу и Пиглет во шумата. На сликата, Пиглет вика:
„Пу, што ако ни падне дрво врз главата додека поминуваме?“
„А, што ако не падне“ – вика Пу.
Секогаш мислам на ова кога катастрофизирам некоја ситуација и навистина ми помага за да се смирам и да размислам рационално за било која ситуација во која што сум најден.“

3. Интересна перспектива
„Еден човек кој беше во инвалидска количка, ми кажа дека луѓето често го прашуваат дали му е тешко што е врзан за количката. Тој вика: „Јас не сум врзан за количката, јас сум ослободен со неа. Замислете да не беше таа, ќе бев врзан за креветот и немаше да можам да одам никаде“.
Многу интересна перспектива.“

4. Не изгледај исплашено пред неа
„Мајка ми беше на смртна постела. Другар ми ми рече: „Го имаш цел живот да бидеш исплашен поради ситуацијава. Немој да бидеш исплашен пред неа. Таа умира во овој момент, верувај дека е далеку поуплашена од тебе“.
Оваа ситуација до ден денес ми помага да ги приоретизирам своите реакции.“

5. Никогаш престар
„Имав 38 години кога размислував дали да се запишам на додатни студии кои траеја 2 години. На мојот пријател му викав: „Престар сум за ова. Додека да завршам, ќе имам 40 години“. Другарот ми рече: „Да, ама ако не се запишеш, секако ќе имаш 40 години за 2 години, само што ќе немаш диплома“.
Тие зборови ми го променија животот, бидејќи сега имам 60 години и таа диплома ми помогна да заработувам многу повеќе пари и да имам многу подобро работно место.

 

 

 




Коментари

[fbcomments]