Категории

5 начини да имате посреќно утро

За голем број од луѓето утрата се тешки и мачни, самото станување и будење, одењето на училиште или работа, некои луѓе едноставно не го сакаат утрото.

Што да направите за подобро да се справите со утринските нелагодности? Што да направите за да бидете посреќни?

1. Подгответе се одвечер 

Знаете што ве чека утрото, мали чекори одвечер ќе ви го олеснат утрото. Подгответе ги нештата…вашиот појадок, одберете што ќе облечете, извадете ги работите да ви бидат подготвени.

Направете план за престојниот ден, ако сакате да спортувате или да имате некоја друга активност, нека ви биде подготвена и соодветната опрема.

Прегледноста и организираноста од предходниот ден, ќе ви донесе и поконструкривен нов ден.

2. Брзо истегнување 

Повеќето луѓе стануваат набрзина, без да си дадат време телото да се разбуди. Наместо брзото станување, останете некој момент во кревет, истегнете се и дозволете на вашето тело да се разбуди. Станете и направете мали истегнувања.

3. Уживајте во бањата

Наместо едноставното и брзо туширање, разгалете се малку. Користете луксузен гел за туширање, хидрантен лосион за тело и пуштете си ја омилената песна. Мали моменти на задоволство наутро, ќе направат да имате поубав ден.

Според психологот R. Keith Sawyer од Washington University psychologist     тушот е одлчно место за потикнување на креативноста, ја потикнува среќата и самодовербата.

4. Јадете и кога не ви се јаде

Направете нешто вкусно за да ви даде елан и енергија за почетокот на денот, а доколку не сакате да јадете наутро, пробајте со овошни или зеленчукови шејкови кои сигурно ќе ви ја дадат потребната енергија.
Истражување во Psychological Science вели дека организираноста во целокупниот живот, води и до подобра исхрана.

5. Испланирајте нешто забавно

За слободното време од денот, испланирајте нешто забавно. Направете план кој одвај ќе чекате да се реализира, па ако денот не ви помине баш најдобро, ќе го имате вашиот забавен план како начин на отргнување на мислите.
Испланирајте убава вечера, кафе со пријател, да гледате филм или да посетите некоја изложба. Самото очекување на нештото, ќе ве направи среќни.
Прегледи:
431
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
15.05.2017