Категории

5 начини да изгледате одлично (речиси) без облека

Можеби се виновни манекенките, дивите од филмското платно или фотографиите од плажа на Инстаграм – не е важно што го предизвикало трендот да се има тело без мана, бидејќи налето е важно да се чувствувате самоуверено без облека на себе.

1 БЛЕСНЕТЕ!

Шимер, бронзер или препарат за самопотемнување ќе направат многу за вашиот изглед. Нанесувајте ги во правец од нозете кон трупот. Така нозете ќе ви изгледаат потенки, кожата ќе ви биде помазна и блескава, а целулитот, дамките и другите недостатоци ќе бидат помалку видливи.

2 ЗБОГУВАЈТЕ СЕ СО ЦЕЛУЛИТОТ

Доколку ве мачи целулитот на нозете, не грижете се – со примена на различни средства или третмани, оваа појава ќе биде помалку забележлива. Кинетичкиот третман, кој трае 45 минути и подразбира примена на ЛЕД-светлина, микроструи и ултразвучни бранови, е еден од нив.

3 ЗАТЕГНЕТЕ ГО ТЕЛОТО

Црвените алги од Црвеното Море ги обновуваат клетките на кожата. Овој спа-третман за целно затегнување на кожата, во кој со масажни движења се втрива мешавина од морска сол, минерали и црвени алги, гарантирано ќе ја постигне целта – освежена кожа на колковите, стомакот и на задниот дел на рацете. Секојдневно триење на кожата со сува четка пред туширање ја стимулира циркулацијата и ја затегнува кожата, така што недостатоците ќе бидат помалку видливи.

t2

4 НЕ МЕ БОЦКАЈ!

Заборавете на прескапите пени и кремови за бричење. Органското кокосово масло е идеално за свилест изглед на кожата по бричење. Имате врснати влакненца? Тогаш употребувајте препарат во форма на гел со разладувачки ефект и со фитична киселина во својот состав. Тој дејствува како средство за пилинг и спречува враснување на влакненцата во иднина. Или размислете за депилација.

5 ВЕЖБАЈТЕ САМО ДВЕ МИНУТИ!

Секојдневната физичка активност е многу важна за здравјето, но и за изгледот. Тоа го знаеме сите! Но ако не сакате да вежбате во група или во затворен простор, свртете се кон индивидуалните фитнес-активности. Прошетка со брз чекор, склекови и чучнувања – активираат разни групи на мускули, па затоа се општа препорака. Охрабрувачки е тоа што не мора да ги правите бесконечно – само 2 минути секој ден се доволни за одржување на кондицијата, за затегнување на мускулатурата и за зачувување на добриот изглед.

Прегледи:
335
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
08.08.2016