Со овие совети ќе го сопрете опаѓањето на косата

Насекаде во домот ве следи таа непријатна глетка – еден куп влакна. Со овие совети, запрете го опаѓањето на косата. 

Докторите тврдат дека секоја личност дневно губи околу 100 влакна. Доколку оваа бројка порасне или престане растењето на нови влакна, тоа е причина за паника кај многумина. Но сепак, пред да почнете да ги барате симптомите за најстрашните болести по интернет, прочитајте го овој текст.

Причини

Вашите гени

За жал, опаѓањето на косата може да биде предизвикано од генетските предизпозиции, што би значело дека фоликулите стануваат чувствителни на машките хормони (андрогени), па се намалува и производството на потенки и кратки влакна.

Акција и реакција

Ако гените сепак работат во ваша корист, а сепак забележувате значително опаѓање на косата, можно е тоа да е последица на вашиот животен стил или режим на исхрана.

Недостатоци

Недостаток на нутриенти исто така може да предизвика опаѓање на косата, а железото е еден од најважните која станува збор за косата. Железото ја збогатува нашата крв со хемоглобин, што и помага на косата да расте и да ги опоравува оштетените клетки за да го стимулира растењето на нови влакна. Уште еден нутриент кој е важен за косата е витаминот Б12. Освен што овозможува да се чувствуваме енергично во текот на денот, тој води сметка и за здравјето на нашата коса бидејќи директно е поврзан со црвените крвни зрнца.

Значително намалување на тежината

Доколку неодамна сте држеле ригорозна диета, можно е токму тоа да има лошо влијание на вашата коса. Косата не е есенцијална за човековото преживување, па затоа најпрво влакната почнуваат да не напуштаат кога доаѓа до драстични промени како што е екстремниот режим на исхрана.

Стрес

Оваа причина е сосема очигледна и си игра со вашите хормони. Стресот го зголемува нивото на андроген, што резултира со опаѓање на косата. Всушност, нстресот покрај тоа, може и да предизвика појава на првут и бели влакна.

Години

Во текот на менопаузата во женското тело се случува промена, а опаѓањето на косата е една од нив.

Решение

Зголемете го внесувањето на протеини

Косата е изградена од протеини, па би требало да и подарите исхрана богата со нив. Се препорачува порција со протеини за појадок и вечера еднаква со големината на вашата дланка.

Суплементи

Корегирајте ја исхраната и како нејзин додаток консумирајте железо, цинк, бакар, витамините Б12 и Д, како и есенцијалните аминокиселини.




Коментари

коментари