5 начини како да се справите со несоницата

Сонот е најпотребен одмор за човечкото тело, но што со оние кои имат проблем со несоницата? Проблеми кои можат да бидат причина за несоницата се конзумирањето кафе доцна во ноќта, проблеми со дишење или пак болки во вратот.

Еве неколку корисни совети како да ја победите несоницата :

  1. Обрнете внимание последната шоља кафе да ви биде 7 до 8 часа  пред да заспиете. Кофеинот од кафето ви дава премногу енергија и тоа може да доведе до проблеми како што се несоница или пак немири во сонот.
    Image result for coffee and sleep
  2. Некогаш неправилната положба на главата може да доведе до лачење на повеќе секрет од носот кој ќе ви попречи во спиењето. Најправилна положба за главата е кога ќе ги ставите рацете под главата и ќе легнете на страна.
    Image result for спиење
  3. Болката во вратот може да биде уште една од причините за несоница. Како причина за тоа може да се јави перницата на која спиете. Се препорачува да ја менувате перницата на секои две години.
    Image result for перници
  4. Алкохолот е уште една причина за немирен сон. Одбегнувајте алкохол во доцните часови.
    Image result for алкохол
  5. И за крај за оние кои имаат проблем со будењето, доколку ви е тешко станувањето рано на утро тогаш поставете си рутина на станување секој ден во исто време!
    Image result for будење



Коментари

коментари