5 начини како да уживате во секоја храна

Кога станува збор за уживање, дали се грижите за квалитетот на храната која ја јадете или пак, за фактот дека самото внесување здрава исхрана може да биде причина за задоволство?

За вашето здравје, но и изгледот, многу е важно да ја изберете соодветната исхрана за вас. Следниве 5 начини ќе ви помогнат да ја засакате онаа исхрана која е добра за вашето тело и ум.

Woman with the lettuce in her mouth.

Истражувајте нови вкусови

Доколку повеќето зеленчуци кои сте ги пробале не ви се доволно вкусни, тогаш експериментирајте. Позајмете рецепти од индиската, мексиканската или некоја од другите светски кујни кои сè уште не сте имале шанса да ги пробате. Познатите, по малку здодевни рецепти секогаш можат одново да се откријат и да се подготвуваат на различен начин. Целта на зеленчукот не е да има безличен вкус, па затоа комбинирајте го со храна која ја сакате.

Сменете ги состојките

Откријте кои здрави состојки можете да ги додадете на омилените јадења и експериментирајте. На салатата додајте лимон, користете јогурт како замена за сосови, додека хамбургерот подгответе го со интегрално печиво, домашен сос од патлиџани и многу салата.

food1

Додајте нови вкусови

Зголемете го бројот на зачини на вашите полици и поиграјте си со нивните комбинации. Куркума, ѓумбир, кари, коријандер, кардамом, како и други видови слични зачини се одличен избор за додавање нов вкус на јадењата, додека истовремено ја избегнувате и солта. Пробувајте различни варијанти кои на прв поглед делуваат неспојливи, како слатко и кисело, луто и освежително.

Навикнете се на уживањето

Дел од уживањето во здравата исхрана е навика. Дајте си време вашата уста да се навикне на овој вид исхрана, бидејќи дури и уживањето во здравите намирници може да се истренира, доколку се движите постепено. Не си наметнувајте временски рокови – вашата цел не треба да биде краткотрајна диета, туку уживање во здравиот начин на живот.

Подгответе и јадете со љубов

Подготовката и презентацијата играат голема улога во уживањето во храната. Доколку вложите енергија во подготовката, особено кога сте креативни при сервирањето, вие ќе почувствувате задоволство уште пред да почнете да јадете. Потрудете се секој оброк да го претворите во ритуал, без разлика колку сте зафатени.

Young girl helping her parents make a salad




Коментари

[fbcomments]