Категории

5 најчести грешки при планирањето на кујнското уредување

Доколку имате план да набавите нова кујна или да ја преуредите старата тогаш треба да внимавате на овие неколку нешта.

Кај планирањето на кујната особено ако се работи за мал простор, треба добро да се внимава. Обидете се да не ги направите следните грешки.

1.Погрешно осветлување
Пријатно и не премногу светло е идеално за удобна атмосфера. Меѓутоа, премалку светлина ни го отежнува готвењето. Централното светло не е доволно. Набавете додатно осветлување за работната површина.

2.Премногу отворени полици
Љубител сте на отврените полици затоа што можите веднаш се да дофатите? Тогаш веројатно немате ништо против прашини и неред кој доаѓаат со тоа. Отворените полици се одлични за редење на нештата но кога одеднаш ќе се најдат премногу нешта тогаш настанува хаос.

3.Мала работна површина
За куната се исплати да се има голема работна површина. Кај малите кујни тоа е воглавно тешко, меѓутоа тогаш треба што повеќе од кујнските апарати да ги сокриете во плакари со цел да ослободите место. Запрашајте се себеси дали навистина секојдневно ви се потребни миксерот, тостерот или апаратот за цедење сокови? Ако одговорт гласи „не“, тогаш добро знаете што треба да направите.

4.Премногу ниско вградени апарати
Се во висина на очите. Ако набавувате нова кујна имајте на ум дека ниско вградените апарати ја отежнуваат работата а притоа ќе страда и вашиот грб. Ако можете да бирате, секако изберете вградена рерна, микровална рерна и машина за перење садови.

5.Темни плочки во мала кујна
Темните плочки веднаш прават кујната да делува оптички помала. Поради тоа немојте да користите црна, кафеава и други темни бои во кујната. Исто така користете и посветли бои при избирање кујнскиот мебел.

 

Прегледи:
258
Објавено на:
02.11.2020