Категории

5 намирници кои треба да ги вклучите во појадокот

Во просек, личностите кои појадуваат имаат повеќе енергија, се активни на работа и поздраво се хранат во текот на целиот ден.

Има доволно причини зошто појадокот не би смеел да се прескокнува, но уште е поважно тој да биде здрав. Ова се намирниците кои би требало секое утро да се најдат на вашата маса.

1.Грчки јогурт
Грчкиот јогурт има неутрален вкус има само 60 калории, а е одличен кремаст појадок. Со тоа тој ќе ви ги даде потребните протеини, дури и два пати повеќе од вообичаениот јогурт, а преполн е и со калциум. Не се препорачува оние со додатни вкусови, затоа што тоа значи дека имаат додатен шеќер кој овој оброк го прави многу калоричен.

2.Јаткасти плодови
Богати се со здрави масти, помагаат да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта подолго време а не предизвикуваат нагли скок на глукозата. Благодарение на олеинската киселина која во мозокот буди реакција на ситост, јаткастите плодови се идеални здрави грицки кои ќе спречат напад на глад.

3.Грејпфрут
Црвениот и розов грејпфрут е извор на витамини А и Ц. Познато е дека го зајакнува имунолошкиот систем и е одличен антиоксиданс. Освен тоа што со сите свои атрибути грејфрутот е идеален за појадок, тој има и поволно влијание врз слабеењето и детоксикацијата а половина грејпфрут има дури 36 калории. Тој првенствено делуваи на некои хронични болести – како болести на срцето и крвните садови, го регулира крвниот притисок и холестеролот.

4.Јајца
Полна со квалитетни белковини, здрави масти и витамини (Б2 и Б12), јајцата се исто така богат извор на колин – есенцијален нутриент за здрав развој и функционирање на мозокот. Намирниците богати со белковини постапно отпуштаат енергија и помагаат во градењето на мускули. Протеините во организмот се задржуваат подолго од јаглехидратите и шеќерите, па освен што ќе ви ја зголемат виталноста, веројатно и помалку ќе јадете во текот на денот.

5.Ленено семе
Лененото семе спрема препораките би требало да се најде во секој појадок, од смудија до чинии житарици, а причината за тоа е што е богат со омега3 масни киселини. Лененото семе има јаткаст мирис и вкус па поради тоа лесно ќе го стопите во грчки јогурт. Само 2 лажици омега3 масни киселини ќе ја задоволат нашата дневна потреба а покрај тоа се богат извор на витамин Б1, диетални влакна и микронутриенти.

Прегледи:
438
Објавено на:
24.11.2021