5 нешта кои никако не смеете да ги правите пред тренинг

Независно од тоа во кој дел од денот вежбате, колку трае и со која јачина – успехот зависи и од тоа што правите пред и после тренингот.

Пред тренинг никако немојте многу да јадете
Ситните закуски половина час пред тренингот не се штетни. Ако сакате да тренирате во утринските часови тогаш малиот но одбран појадок може да ви помогне во стимулирањето на метаболизмот и да ви даде енергија потребна за движење. Малку овошје со јогурт или парче интегрален леб со мед се добар избор.

Немојте да започнувате ако немате цел
Размислете добро пред тренингот за тоа што сакате да постигнете со тие вежби или тој ден. Направете план на тренирање и држете се до него. Ќе ви биде полесно да започнете со тренингот ако имате план на вежби кои треба да ги правите. Ако имате јасна цел вашата енергија ќе ја насочите кон вежбањето и нема непотребно да размислувате за нешта кои не ви користат.

Не го заборавајте загревањето и истегнувањето
Истегнувањето пред тренингот допринесува многу во неговата ефикасност. Не заборавајте пред да започнете со тренингот добро да ги загреете мускулите за да не ги преоптоварите наеднаш.

Не конзумирајте алкохол
Дури и најмалата количина на алкохол е доволна за да намали вашата контрола врз вашето тело. Тоа влијае врз координацијата и концентрацијата и поради него нема да можете правилно да ги изведувате вежбите и ќе ви недостига кондиција а вашето тело ќе стане бавно.

Немојте да пиете премногу вода
Иако пиењето вода за време на тренингот е клучно за вашето тело да остане хидрирано, тоа немојте да го правите пред тренингот. Пијте вода но не во големи количини. Наместо тоа испијте многу мала количина пред почетокот на тренингот. Премногу вода може да создаде грчеви во вашиот стомак.




Коментари

[fbcomments]