5 нешта кои и се потребни на секоја мајка

Кога секојдневието е исцрпувачко и кога секој ден се чини како да трае 30 часови и покрај добрата желба и волја скоро на секоја мајка и се случува да “полуди“.

Бидејќи тоа не е пожелна ситуација, обидете се да примените некои од следниве работи од време на време за да не се доведувате до таква ситуација.

Значи, на секоја мајка и е потребно да:

1. Помине еден ден без цртани филмови и песнички

Иако можеби ви е полесно кога детето внимателно гледа во телевизорот, сепак понекогаш на секоја дама и е потребна малку тишина.

Closeup portrait of a cute young woman sleeping on the bed

 2. Неколку ноќи добар сон

Ако се случи една ноќ да не морате да се будите повеќе пати во текот на вечерта тогаш веќе следната и таа по неа ќе морате да станете 100 пати. Затоа направете си услуга и најдете начин како да спиете барем две три вечери мирно. Побарајте помош од сопругот или родителите.

3. Долго и опуштачко туширање

Туширањето е обично на брзина. Затоа направете некој распоред да влезете да се туширате кога сте сама. По долга и топла опуштачка купка ќе се чувствувате одлично.

4. Разговори со возрасни

Кога сте со дете сите разговараат само за детски теми и на “детски“ јазик. Па нормално е дека сакате да правите муабет на друга тема.
Започнете еден таков и изборете се за своите пет минути нормален разговор.

5-nesta-koi-i-se-potrebni-na-sekoja-majka-02

5. Редовни излегувања со партнерот

Не заборавајте дека формиравте заедница со вашиот партнер зошто се вљубивте во него. Кога ќе дојдат децата не значи дека тоа треба да го заборавите и запуштите. Одвојте време еден за друг.




Коментари

коментари