5 нешта кои секоја жена после 40-тата треба да ги прави

Во текот на феноменалните четириесетти, чувствувајте се непобедливо. Тоа се сепак фантастични години

Во текот на четириесеттите може да се случуваат суптилни промени за кои треба особено да водите грижа пред да станат поголем проблем.
Помеѓу нив, доаѓаа успорување на метаболизмот, губење на мускулна маса, хормонски промени, како и зголемување на нивото на стресот и зачестена депресија.
Следните 5 совети применувајте ги секојдневно за да им се спротивставите на овие промени, а исто така и за да останете здрави и да имате повеќе енергија за секоја прекрасна година да ја дочекувате со уште повеќе елан.

1.Појадувајте на мира секоја утро
Нутриционистите се сложуваат дека појадокот е од суштинско значење за одржување на фигурата и спречување од дебелеење. Оброкот на почетокот на денот „работи во договор“ со метаболизмот, кој е најсилен наутро а тој е одговорен за сузбивање на желбата за слатки кога ќе дојде до паѓање на шеќерот во крвта.

2.Зголемте го внесувањето на калциум и витамин Д
Двата претставуваат суштинско значење за здравјето на коските и спречување на настанок на остеопороза. Здравствените стручњаци препорачуваат жените во своите четириесетти да внесуваат 1000 мг калциум и 400 до 80 ИЈ витамин Д дневно. Најдобро е да се внесуваат преку намирници кои ги содржат, како јаткасти плодови, семски, ориз, млеко збогатено со витамин Д.

3.Држете го стресот под контрола
Здравото, смирено сце чука порбрзо кога ќе вдишите и поспоро кога ќе го отпуштите воздухот надвор. Меѓутоа, стресот ја спречува оваа природна срцева фрекфенција, активирајќи нездрави промени во целото тело, вклучувајќи го зголемувањето на крвниот притосок, недостатокот на енергија и забрзаното изумирање на ќелиите. Поради стресот доаѓа до побрзо стареење.
Практикувајте јога, медитација, матра, читање, музика, креативност, хоби, шетање во природа, топла купка, сон и одмор.

4.Зголемте го внесување на протеини и работете вежбање сила
Внесување на храна со сите неопходни амино-киселини за формирање на целокупни протеини, најмалку два пати неделно, го зголемува нивото на расположение и доаѓа до намалување на симтпмите на депресија. Се препорачува внесување околу 1-1,5 г протеини по килограм од телесната тежина.

5.Дружете се со позитивни личности
Дружењето го намалува нивото на стрес, го подобрува расположението па дури може да влијае подобро и во односите со партнерот. Кога се работи за друштвениот живот, жените се вистински добри во тоа, но тој прилично паѓа во втор план во четириесеттите, најчесто поради кариерата и семејните обврски.
Дружете се со добри луѓе, смејте се и разговарајте, споделување и уживајте во животот!




Коментари

коментари