Категории

5 неверојатни шеги за инфлацијата

Во последно време сите добро се запознавме со терминот инфлација – концептот којшто ни покажува колку стоките поскапеле во споредба со нивните цени на почетокот на периодот што го земаме за споредба.

Знаеме колку сево ова ни влијае негативно, колку непријатности ни создава, но ајде малку да се насмееме. За денес Ви издвоивме шеги токму во врска со овој концепт, шеги коишто за момент ќе Ве оттргнат од неудобностите коишто Ви се случуваат.

1. Цените на бензинот се толку високи што дури и корона – вирусот престана да патува.

2. Како резултат на поскапувањето на бензинот, киднапираните повеќе нема да се носат на втора локација.

3. Се обидов да ја продадам мојата душа, но ѓаволот ме одби.

4. Колку се смешни цените на телефоните во денешно време? Па, ако нешто падне и слушнеш дека се крши, се молиш да е коска.

5. Поради инфлацијата и финансиската криза, повеќето мажи почнаа да ги сакаат своите жени.

Прегледи:
119
Категории:
Секојдневие · Хумор
Објавено на:
14.11.2022