Категории

5 одлични серии кои се вистински избор за зимските месеци (ВИДЕО)

Есента и почетокот на најстудениот период од годината идеално е да ги дочекате со серии кои нудат интересно сценарио и одлични актери!

Во продолжение ви претставуваме неколку добри серии на кои се исплати да го потрошите слободното време.

The haunting of Hill house

Адаптацијата на култниот роман на Ширли Џексон, дочекана е како најморничавото остварување за оваа година. Група браќа и сестри кои како деца израснале во проколната куќа, сега како возрасни се приморани да се соберат поради семејна трагедија и немаат избор освен да се соочат со духовите од минатото – од кои некои сѐ уште живеат во нивните глави, а некои можеби дури и во фамозната куќа…

https://www.youtube.com/watch?v=G9OzG53VwIk

Baby

Серијата Baby е всушност некој вид на одговор на серијата „Skins“ која е култна британска серија, која била хит поради својата искрена и понекогаш гламурозна слика за сексот, дрогата и животот на еден тинејџер од Англија, а Baby го пренесува тој концепт во Италија.

The Kominsy Method

„The Kominsky Method“ е хумористична серија во која главната улога ја толкува познатиот актер Мајкл Даглас. Тој е некогашна филмска ѕвезда која сега е учител по глума. Серијата се состои од осум епизоди, а ја потпишува авторот на познаата серија „Два и пол мажи“.

Clique

Ви недостасува „Gossip Girl“? Clique е нова серија во која се зборува за многу атрактивни тинејџери кои се занимаваат со многу чудни и мистериозни работи.

House of Cards

Конечно пристигна завршната сезона, а со обзир на тоа дека од серијата е отстранет главниот лик, Кевин Спејси, улогата на бескруполозниот политичар Френк Андервуд ја презема неговата сопруга Клери. Исто така, во финалната серија ќе гледаме и актерско засилување од страна на Дајан Лејн и Грег Кинеар кои во серијата глумат близнаци.