Категории

Малите тајни на големите заводнички

Драги дами како што знаете тајната не се крие во некој магичен напиток туку во следните пет фактори…

1. Близина…местото на живеење има голема улога во љубовниот живот бидејќи љубовта на далечина тешко се одржува. Секако има исклучоци, но полесно ќе одржите врска со некој кој ви е во близина.

2. Карактерот…сите сакаме и бараме личност која е паметна, духовита и која умее да не насмее и расположи, нели? Затоа бидете и самата вие таква личност. Луѓето кои имаат самодоверба полесно остваруваат емотивни врски.

3. Сличност…иако веруваме дека многу пати се слушнале дека спротивностите се привлекуваат, мораме да додадеме дека тоа не е баш така кога љубовта е во прашање.

Луѓето обично бираат партнери кои им одговараат и кои имаат слични особини бидејќи така шансите се поголеми да останат подолго време заедно.

4. Возбудување…повеќето луѓе се вљубуваат во бурни и нестабилни периоди од нивниот живот. Се смета дека тие периоди се плодно тло за вљубување. Добар пример за тоа е дека љубовта е лек и утеха во тешките животни моменти.

5. Убавина…потрудете се да изгледате добро. Тука мислиме на тоа секогаш да бидете средени и да се обидете да се одржувате во форма бидејќи без сомнеж така полесно ќе ја привлечете љубовта на вашиот живот.

Прегледи:
302
Објавено на:
29.06.2016