Категории

5 показатели дека сте во сериозно токсична врска

Реченицата „љубовта е слепа“ во некои ситуации е навистина точна, но тоа никако не е изговор за да останете во токсична врска. Обрнете внимание на некои видови однесувања кои ја саботираат вашата врска и всушност покажуваат дека сте во врска која е отровно лоша за вас.

Наоѓате изговори за партнерот
Сите имаме денови кога ќе станеме на лева нога, но ако вашиот партнер постојано е во лоша волја, секогаш касни и се однесува така да вам ви стане срам во негово друштво па вие морате да се извинувате на другите во негово име, дефинитивно сте во провлем.
Ако морате постојано да го „покривате“ неговото однесување во друштвените случувања, крајно време е да поразговарате со него во четири очи и да му кажете како се чувствувате. Тој ќе ве сослуша и ќе реагира или нема да сака да се сложи со вас, но тоа ќе ви ги открие неговите вистински чувства. Во секој случај, вашиот партнер е возрасен човек и нема потреба да го правдате неговото однесување.

Работите „прекувремено“ да ги решите проблемите во врската
Двата партнери би требало подеднакв да се трудат да вложуваат труд во врската. Ако таквиот однос е нееднаков, едната особа се труди многу повеќе од другата тоа нема да има позитивен исход. Доколку се чувствувате како да давате повеќе од вашиот максимум за вашата врска да опстане, додека вашиот партнер не се труди баш многу, тоа покажува дека тој воопшто не е благодарен за она што го правите, па запрашајте се дали тоа всушност може да се нарече врска. Престанете да се трудите за оној кој очигледно не сака да се труди за вас..

Нервозни сте кога излегува со пријателите
Постојат неколку причини зошто сте нервозни кога вашиот партнер излегува со своите пријатели. Несигурни сте и анксиозни затоа што немате доверба во него и не верувате во вашата врска или немате доволно самодоверба.
Недовербата помеѓу партнерите може да биде последица на ваши претходни лоши искуства или вашиот партнер можеби веќе ве изневерил на некој начин. Добро е да размислите дали можете да одржувате врска во која нема доверба и чија цврстина не верувате дека воошто вреди.

Навикнати сте на драма
Кога сте навикнати на драма, тешко дека тоа воопшто ќе можете да го промените. Но ако вашата врска има историја на раскинувања и смирувања, па јасно ви дека сте во токсична врска. Накратко, навикнати сте на екстремни промени во врската, денови кога ви е убаво, а потоа следната расправија и раскинување – еуфорија, љубов и среќа, па бес и депресија и драматични сцени..
Доколку вашата врска е таква, размислете добро за се затоа што многу луѓе кои живеат со таква врска всушност нешто многу му недостига во нивниот живот. Откријте што ви недостига и прекинете го тој маѓепсан круг.

Луѓето од вашето опкружување не го сакаат вашиот партнер
Размислете какви биле спрема вашите претходни партнери, кои од нив ги сакале и се сложвале, а со кои не и што им било заедничко. Не треба секогаш по секоја цена да го слушате мислењето на другите, но имајте на ум дека вашите блиски луѓе ви го посакуваат најдоброто, така да ако не го сакаат вашиот партнер, обидете се да го согледате сето тоа од нивна гледна точка, можеби ќе станите свесни за тоскичното однесување на вашиот партнер.

 

Прегледи:
894
Објавено на:
13.10.2019