Категории

5 прекрасни луѓе кои докажуваат дека лицата со Даунов Синдром можат да постигнат неверојатни успеси!

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува токму на 21 март бидејќи март е третиот месец во годината и претставува симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

 

Секој живот вреди подеднакво и затоа од исклучително значење е потребата сите да ги уживаме истите права и убавини во животот. Поинаков не значи и помалку способен, послаб, понесреќен. Токму убавината во различностите, а овие 5 неверојатни луѓе докажуваат дека лицата со Даунов Синдром можат да постигнат многу.

Едвард Барнабел

Комичар кој е дел од хит-продукции како што се Workaholics и The Ringer. Тој е доказ дека можностите на луѓето со одреден хендикеп се бесконечни и можат да постигнат сѐ што ќе посакаат.

Тим Харис

Тој е успешен претприемач и мотивациски говорник. Исто така има и сопствен бизнис, води ресторан, каде што најдоброто нешто на неговото мени се светски познатите прегратки во Ново Мексико.

Тим исто така има и своја непрофитна фондација Tim’s Big Heart Foundation, каде што има за цел да ги инспирира луѓето од целиот свет да вложуваат во себе и да се потрудат да направат нешто од своите животи.

Медлин Стјуарт

Овој 18-годишен модел со Даунов Синдром успеа да зачекори на модната писта во текот на модната недела воо Њујорк. Таа докажа дека луѓето со попречености се повеќе од способни и талентирани да претставуваат познати брендови.

Карен Гафни 

Таа постигна толку многу во својот живот за навистина кратко време. Спортистка која учествува во специјалната Олимпијада, мотивациски говорник и претседател на својата непрофитна фондација Karen Gaffney Foundation. Карен докажува дека талентот нема ограничување.

Крис Бурк

Овој актер се појави во многу телевизиски и филмски улоги, а дури и беше номиниран за наградата Златен Глобус. Тој е, исто така, амбасадор за добра волја во Националното здружение за Даунов Синдром, каде што тој ја користи својата слава за подигање на свеста за Дауновиот синдром во светот.

Покрај попреченостите, овие индивидуи докажуваат дека секој може да има прекрасен живот.