Категории

5 причини поради кои домашното милениче – мачка не прави здрави

Луѓето и мачињата имаат посебно пријателство

Според најновите научни истражувања, овие мили животни со своето друштво го подобруваат здравјето на нивните сопственици. Откријте 5 начини како мачките делуваат врз квалитетот на нашиот живот.

1.Го зајакнуваат срцето
Поради својата мирна природа, мачките делуваат релаксирачки на луѓето и го намалуваат стресот, тоа секако доведува до помал срцев напор. Универзитетот во Минсеота докажа дека сопствениците на мачки имаат и до 40 посто помали шанси да добијат срцев удар, а 30 посто помали шанси за друга срцева болест. Исто така, личностите кои поминале низ тешки кардиоваскуларни операции, имаат поголеми шанси за побрзо оздравување ако друштво им прави мачка.

2.Помагаат при поврзувањето
Резултатите на француските научници покажаа дека мачките кај луѓето ја зголемуваат концентрацијата на окситоцин, хормон кој се излачува кога сме опкружени со пријатели и љубовни партнери. Окситоцинот се ослободува преку допирот, па милувањето на мачките влијае на неговото ниво во човечкото тело.

3.Зајакнување на имунолошкиот систем
Мачките се весели животни кои често знаат да ги насмат своите сопственици. Било да се ловат самите себеси за опашот, или да да ги острат канџите на нивните играчки, со своето смешно однесување ги одржуваат луѓето околу себеси во добро расположение.

4.Полесно дишиме покрај нив
Неколку нордиски истражувања истакнаа дека децата кои растат со мачки имаат помали шанси за развивање на респираторни алергии. Животните го поттикнуваат развојот на имунолошкиот систем поради кој е возможно да станат отпорни дури и на астма во подоцнежниот живот.

5.Психолошки не релаксираат
Како и многу други домашни миленици, мачките помагаат при опоравување од стресни ситуации. Според студијата на Велика Британија, личностите кои се соочиле со трагична загуба на сакана личност или разделба со некој сакан, имале поголема стабилност доколку дома чувале мачка.
Милениците пружат невербална поддршка и го смалуваат чувството на осаменост.

Прегледи:
578
Објавено на:
28.12.2019