5 природни лекови против настинка

Сѐ повеќе луѓе почнуваат да користат природни лекови за борба против настинката, отколку да користат антибиотици. Природните лекови можат да бидат навистина моќни во лекувањето и да го одржуваат телото. Ова се 5-те најмоќни природни лекови:

 

 

1. Мед

Како природен засладувач, медот е одличен во чај, кој секако помага во борбата против настинка. Исто така, медот е одличен за рани и изгореници.

 

2. Лук

Лукот е билка која се користи во готвењето, но, исто исто така може да се користи и како лек против инфекции и настински. Лукот може да ви помогне во подобрувањето на имунолошкиот систем и да го намали ризикот од срцеви заболувања, а и содржи витамин Ц, кој има многу придобивки за вашето здравје.

3. Ѓумбир

Ѓумбирот се користи во повеќе од половина традиционални кинески лекови. Исто така, чајот од ѓумбир помага против настинката и во ублажување на болките во стомакот.

 

 

 

 

 

 

4. Ехинацеја

Ехинацејата често се користи против болки и инфекции. Не само што може да го подобри имунолошкиот систем, туку и може да ги намали симптомите на болест. Исто така е одличен лек и за егзема, псоријаза и изгореници од сонце.

 

 

 

 

 

5. Витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен витамин за здраво тело. Како и да е, може да се користи и за уништување на бактерии и на многу болести. Малку витамин Ц на почеток на настинката му помага на телото да оздрави побрзо.

 

 

 

 

 




Коментари

коментари