Категории

5 работи што жените треба да престанат да ги прават во јавност: Далеку се од бонтон!

Колку и да сме практични и сакаме да заштедиме време, тоа едноставно се прави само интимно или на предвидени места

Современиот начин на живот е полн со обврски, едвај успеваме да стигнеме навреме, па на крајот ни недостасуваат некои детали.

Сепак, овие детали се многу важни за нас – не постои жена која гордо ќе прошета наоколу со испукан лак за нокти или полуизбришан кармин, па затоа се прибегнуваме кон паролата „снајди се“ и повеќе не избираме ни место ни време, само сакаме сè да биде како што треба.

Колку и да сме практични и сакаме да заштедиме време, следниве 5 работи сепак треба да останат приватни, односно тие никогаш не се прават во јавност!

 

  1. Лакрање на нокти

На секоја жена и се случило на пат до работа, да сфати дека заборавила да го поправи лакот за нокти. Значи, веќе не е невообичаено да се гледаат дами во градски превоз, канцеларија или кафе како ги лакираат ноктите. Иако можеби изгледа како практично решение, имајте на ум дека мирисот на лак не им одговара на сите и никој од нас не треба да стори нешто што би им наштетило или би ги иритирало другите луѓе.

 

  1. Да пробувате облека надвор од соблекувалната

Постојат одредени правила што треба да ги почитувате кога пробувате облека во продавница. Ако станува збор за палто или јакна, овие парчиња  облека можете да ги пробате секаде. Сè останато со причина се пробува во кабина – сигурно не сакате случајните минувачи или другите клиенти да го гледаат вашето тело, а ниту тие не сакаат.

  1. Местење на фармерките околу интимната зона и местење на рамките од градникот

Ова се детали што треба да се направат дискретно. Нема потреба ни да се објасни зошто.

 

  1. Ставење на ташната на маса

Замислете како се чувствуваат вашите пријатели кога ја ставате торбата на масата на која што ќе јадете? Ако станува збор за јавно место, ташната се спушта или на столот до вас, или на подот до нозете.

  1. Чешлање било каде надвор од тоалетот

Без оглед колку сте внимателни, влакната од косата летаат насекаде, дури и кога не забележувате. Никој не сака да гледа во туѓи влакна, а камоли да завршат на нивната маса, капут …

Прегледи:
831
Објавено на:
05.03.2020