Категории

5 реченици кои среќните парови си ги разменуваат секој ден

За една врска да биде добра и успешна, на неа треба да се работи. Треба да се постави добра основа со правилна комуникација меѓу партнерите, а во нејзиното остварување можат да ви помогнат следниве пет реченици кои секојдневно треба да си ги разменувате.

1. “Ние тоа можеме да го решиме“

“Ние“ е клучно зборче за успех во врската. Упатува на тоа дека вие и вашиот партер сте тим и заедно можете да го надминете секој евентуален проблем.

2. “Те разбирам што зборуваш“

Често се жалиме дека партнерот не не слуша. Желбата да не слушне и разбере е дел од човековата природа. Со изговарање на оваа реченица му давате на знаење дека го почитувате неговото мислење, желба или проблем.

3. Луда сум по тебе

Многу парови знаат убавите мисли за својот партнер да ги сочуваат за себе, но тоа не е добро. Ако сте горда на своето момче или сопруг кажете му го тоа јасно и гласно. Нема човек кој не сака да слушне нешто убаво за себе од својот партнер.

4. Ти благодарам

Најсреќните парови знаат дека тајната на љубовната среќа се крие во малите нешта. Немојте да заборавите дека “ти благодарам“ е магична фраза која отвара многу врати.

5. Само напред, ти го можеш тоа

Оваа реченица испраќа силна порака. Му посочувате на партнерот дека сте со него, дека му верувате дека “му го чувате грбот“. Тоа е нешто што сите сакаме да го слушнеме кога се пуштаме во нови походи.

Прегледи:
292
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
19.08.2016