Викенд предлог: 5 романтични комедии

Има ли нешто поубаво од некој добар филм, чаша вино, пуканки и саканиот или пријателите до вас? Затоа денес за вас ги одбравме едни од најубавите романтични комедии кои ќе ве трогнат со своите приказни, а ќе ве насмеат до солзи.

1. Leap year (Престапна година)

leap year

Сте знаеле ли дека во Ирска постои традиција каде секоја престапна година жената може да го запроси мажот, а тој не смее да ја одбие? Е па, сега знаете, па доколку ви се смачи да го чекате долгогодишниот партнер да ве запроси, само однесете го во Даблин и не смее да каже не. :) Така направи и Ана Брејди, која отпатува од Америка дури до Ирска за да го запроси нејзиното момче Џереми, кој по некоја случајност таму е на службено патување. Но, не е сѐ така розово. Временските услови, како и многу други работи не се на страната на Ана, па затоа патот до Даблин, од една прекрасна идеја прерасна во голема шега. Но дали Ана ќе успее да го запроси нејзиното момче? Погледнете го филмот и дознајте.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Etm4VMLrSnc[/tube]

 

2. 13 going on 30 (Возрасна тинејџерка)

13 going on 3013-годишна девојка е опседната со тоа да порасне и да има 30 години. На еден нејзин роденден, нејзинатa желба ѝ се исполнува и одлетува во иднината, каде е 30-годишна успешна бизнис-жена. Но, тогаш дознава дека луѓето ја мразат поради нејзината амбициозност, а со семејството не се видела неколку години, и згора на се го загубила најдобриот пријател. Тогаш сфаќа дека  нејзините тинејџерски години всушност биле најдобрите во нејзиниот живот. Ова е филм за детето во сите нас.

 

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=ro5kCfJM_oA[/tube]

 

3. Jumping the broom (Прескокнување на метлата)

Jumping_the_broom_posterНасловот на филмот е инспириран од Афро-американскатa традиција во која младенците на свадбата ја прескокнуваат метлата откако ќе бидат прогласени за маж и жена.

Можете ли да замислите што се случува кога двајца ќе решат да се венчаат, а притоа ги немаат запознаено семејствата? Кога Сабрина и Џејсон се запознаваат, тоа е љубов на прв поглед. 5 месеци подоцна, тие решаваат да се венчаат, а венчавката да ја направат во куќата на семејството на Сабрина. Неколку дена подоцна, двете семејства се собираат во семејната куќа, но тука настануваат проблемите. Мајката на Џејсон не ја сака Сабрина и прави сѐ за да се откаже свадбата.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=D90GKozn-Xg[/tube]

 

4. Because I said so (Затоа што јас така реков)

Because_I_Said_So_PosterРазведена мајка на три девојки, секојдневно ѝ наредува на нејзината најмала ќерка што треба да направи со нејзиниот љубовен живот, сѐ со цел да не заврши како неа. Затоа, таа прави оглас кој го поставува на интернет, а во огласот бара привлечен и паметен маж кој ќе биде достоен за нејзината ќерка. Се пријавуваат неколку, а таа избира еден и решава да го запознае со нејзината ќерка. Но, проблемот е што ќе се појави уште еден додворувач кој никако нема да сака да се откаже од нејзината ќерка. Гледајте го филмот и дознајте кој ќе успее да ѝ го освои целосно нејзиното срце.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=aUE8gHEPJ_I[/tube]

 

5. From Prada to nada (Oд Прада до ништо)

from prada to nadaНора и Мери се вистински богати татини принцези. Но, кога еден ден нивниот татко умира, тие дознаваат дека всушност банкротирале. На погребот го запознаваат нивниот полубрат, кој решава да ја купи нивната куќа, која веќе не можат да си ја дозволат, заедно со својата жена и им дозволува да останат да живеат со него. Но тие две имаат проблеми со неговата жена и по некое време ја напуштаат куќата и одат да живеат во источен Лос Анџелес кај нивната тетка, која живее во не така луксузна куќа. Наеднаш нивните навики се менуваат, а мораат и да го напуштат факултетот и да најдат работа, и секако, следат многу интересни сплетки во нивиот љубовен живот.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Eubjj4LyUz8[/tube]




Коментари

коментари