5 тајни за посреќен живот

Наоѓањето среќа не е некоја огромна филозофија. Само треба да ги користиме правилните алатки за да си ја изградиме и култивираме нашата сопствена среќа. Дел од тие „алатки“ ги споделуваме во овој текст.

1. Фокусирајте се врз позитивното

Во три различни делови од денот, посветете по една или две минути да размислите на нешто убаво што ви се случува во животот. Колку и да имате тегоби во тие моменти, сепак треба да се даде време да се рефлектира на убавото.

2. Славете си ги малечките победи

Вративте на сите тие електронски писма? Ги завршивте тие обврски кои ги одолговлекувавте со денови? Почестете се себеси со малку одмор или со убав оброк.

3. Најдете си баланс помеѓу работата и ориватниот живот.

Не давете се во работа. Откако ќе завршите со работата, не мора да размислувате на работата повеќе, туку препуштете се на вашето секојдневие – на хобито, на семејството, на пријателите, или едноставно, на себеси.

4. Практикувајте медитативни техники

Ако ви е тешко да задржите внимание на класичното медитирање, обидете се да боите боенки за возрасни кои често се во симетрични и мандалични форми. Или, едноставно, обидете се поретко да бидете на „автопилот“, односно, вложувајте внимание во најмалечките секојдневија како пешачење, јадење, туширање…

5. Бидете креативни

Проблем со денешното општество е што ја поистоветува креативноста со перфекционизам и со алатка за правење пари. Не мора да е така! Не мора да пеете совршено или да цртате совршено за да уживате во вашата креативност. Пејте си, цртајте си, пишувајте си работи кои си ви лежат на душата, без потребата од перфекционизам и тоа да го покажете на светот. Не фокусирајте се врз „финалниот продукт“ туку врз процесот – тоа е тоа што ќе ве прави среќни.




Коментари

[fbcomments]