5 типови на луѓе кое не ви требаат во вашиот живот

Во текот на животот ќе сретнете секакви карактери на луѓе и нема да се согласувате со секого. Некогаш нема да имате избор освен да ги толерирате, но доколку имате избор тогаш тргнете ги од својата близина. Особено, ако си имате работа со вакви луѓе.

1. Постојано озборуваат

Знаете како велат, оној што пред вас зборува лошо за некој друг, веројатно зборува и за вас кога не сте тука. Злобните коментари на нечија сметка треба да ги сфатите како предупредување. Никој не е имун на озборувања, но некој живее за нив. Тука треба да ја повлечете линијата.

2. Секогаш на прво место

Вашите желби никогаш не се важни. Секогаш ќе ви образложат зошто мора да е по нивно, зошто се во право и како тоа нивниот избор е најдобар во моментот. Така добро ќе го одиграат тоа да мора да се согласите. Но, колку пати треба да го сторат истото пред да им кажете збогум?

3. Љубоморни се на секој ваш успех

Луѓето со кои сте блиски треба да го слават вашиот напредок, а не да ве назадуваат. Доколку секоја ваша добра вест ја пречекуваат со зајадлива досетка и очигледно сакаат да го скријат фактот дека се љубоморни на вашите достигнувања, зошто тогаш би сакале да ги задржите во својот живот?

4. Никогаш не ви понудиле помош

Се наоѓате во тешка ситуација и добивате подадена рака од луѓе со кои не сте минувале долго време заедно, дури сте ги сметале само за познаници. Но, затоа пак оние што сте ги сметале за пријатели не се ни сетиле да ви понудат помош, а точно знаат во каква каша сте. Прилично разочарувачки е кога некој е подготвен да ви помогне повеќе од оние кои ги нарекувате пријатели и затоа можеби е време да престанете да ги нарекувате така.

5. Никогаш не разбираат низ што минувате

Се обидувате да им доловите ситуации во кои работите излегле лошо за вас. Очигледно страдате имате љубовни, финансиски проблеми, но за нив тоа не е ништо, вие сте тие кои секогаш претеруваат со своите проблеми. Не можете да бидете блиски со личност која нема разбирање за вашата ситуација. Блискоста на луѓето се гради врз основа на заедничките работи.


тагови


Коментари

коментари