Категории

5 цитати за лаги коишто ќе Ви помогнат да се справите со нечесните луѓе

Понекогаш за да се спасиме себеси или пак некој друг од некаква болка или казна, решението го пронаоѓаме во лагата. Но, доколку на луѓето околу Вас лагата им стане навика, тогаш ситуацијата станува поинаква. Во тој случај време е да разговарате искрено со нив и да им укажете дека тоа не е добро.

Доколку ваквиот разговор не функционира, би требало да поминувате помалку време со тие луѓе, или пак во крајна ситуација, целосно да се оддалечите од нив.

За да се справите со нечесноста на попаметен и поздрав начин, да не пропаднете во дупка со борби и караници, Ви издвоивме неколку цитати коишто ќе Ви помогнат токму за таа цел:

1. „ Не сум вознемирен/а што ме излажа, вознемирен/а сум што отсега не можам да ти верувам“ – Фридрих Ниче.

2. „ Не понижувам никого, но човек што не стои на своите зборови, нема никаква вредност во моите очи“ – Ехсан Сехгал.

3. „ Не ми пречат злобните луѓе. Ми пречат оние кои се маскираат како добри луѓе“ – Синди Камингс Џонсон.

4. „Ги ценам луѓето коишто ми ја кажуваат вистината на нежен начин, дури и кога тоа е тешко да се каже“ – Карен Салмансон.

5. „Не ги мразам лажговците. Едноставно не ги почитувам бидејќи како прво тие не се почитуваат себеси“ – Ревас Еристави.

Прегледи:
513
Објавено на:
26.11.2022