Категории

5 видови на прељубници од кои треба да се пазите

Изневерувањето не е едноставна работа, а мажите често пати имаат најразлични мотиви поради кои знаат да ја изневерат својата партнерка.

Но тие не изневеруваат од иста причина и на ист начин.

Во прилог прочитајте какви се типови на прељубници постојат…

# Нарцис

Тој е пред се е вљубен во себе и поради тоа е најлошиот прељубник на кој можете да наидете. Лажењето и манипулацијата е честа особина кај овој тип на мажи.
На прв поглед е многу харизматичен па поради тоа не можете да го замислите како човек кој би ве изневерил. Но тој едноставно мисли само на себе, нема чувство за вашите емоции и не се чувствува виновно откако ќе ве изневери.

# Скитник

Тој едноставно не може да биде само со една жена. Има тенденција да оди од една на друга партнерка и се “плаши“ дека ќе пропушти нешто ако се скраси со една партнерка. Постојано е во потрага по нова авантура бидејќи е убеден дека нешто подобро го чека позади аголот.

# Несигурен прељубник

Тоа е маж кој немал намера или желба да ве изневери, амa се случило. Ќе го препознаете по големата несигурност и кога ќе наиде на прилика тој ќе и се препушти бидејќи тоа му годи на егото.

# Зависник

Тој е зависен од сексот и најверојатно би требало да побара стручна помош. Овој тип на прељубник чувствува грижа поради тоа што ве изневерил, но психички не е доволно силен да ги контролира своите нагони.

# Случаен прељубник

Ова е тип на маж кој исклучиво изневерува во почетната фаза на врската кога вашиот однос не е до крај дефиниран. Во моментот кога ќе сфати дека е навистина вљубен во својата партнерка тој 100% ќе и се предаде на својата врска, но тоа и понатаму не го оправдува неговото претходно однесување.

Прегледи:
590
Објавено на:
25.01.2016