Категории

5 волшебни зборови кои мора да му ги кажувате на вашиот сакан

 Следниве пет зборови носат доверба, поврзаност и интимност во врската и бракот.

Зборовите кои ги изговараме секој ден имаат силен ефект и последици.

Затоа потрудете се следниве зборови почесто да му ги кажувате на својот партнер…

1.Може ли?

Во долга врска лесно е да заборавиме да кажеме “може ли“ или “те молам“. Кога го користиме овој збор на партнерот му даваме до знаење дека станува збор за молба, а не за наредба.

2.Благодарам

Овој збор покажува дека го почитуваме партнерот. Она што стои позади овој збор позитивно ја трансформира врската и ја прави посилна.

3. Извини

Треба да бидеме подготвени да преземеме одговорност за своите дела и со нив да покажеме дека ни е жал и дека се каеме што сме го повредиле нашиот сакан.

Кога ќе ја признаеме грешката и кога ќе покажеме дека ни е навистина криво процесот на поправање на односот е побрз.

4. Те сакам

Кажете му на партнерот што сакате кај него и тоа повторувајте го често. Никој нема да се буни ако слушне нешто такво.

5. Како?

Со ова прашање го поттикнувате да ги подели со вас чувствата и мислите без да се плаши дека ќе го осудувате.

Исто така му давате можност да го објасни својот став, а не да се чувствува нападнато и да се брани.

Прегледи:
1552
Објавено на:
12.08.2016