5 зборови кои уште денес треба да ги исфрлите од вашиот речник

Сигурно сте слушнале за англискиот израз „talk is cheap“. Меѓутоа, не сме сигурни дали е тоа навистина така. Всушност, во денешно време, разговорот може да ви чини многу.

Секако, доколку изговарате погрешни зборови. Еве неклку зборови и фрази кои треба да ги исфрлите од својот речник, како би го подобриле своето ментално здравје и состојба и би се чувствувале подобро во сопствената кожа.

„Но“

Кој би рекол дека овие две едноставни букви ќе ги употребуваме толку често. „Јас би отишла во теретана, но прмногу сум уморна. Јас би штедела пари, но навистина ми треба нова чанта“. Во моментот кога ќе го изговорите овој збор во ваква конотација, дали се чувствувате како да немате избор и морате да ја послушате само едната желба? Сигурно можете да одите во теретана. Не сте баш толку уморни, зар не? Моментот кога ќе започнете да ја менувате оваа фраза со некоја друга, е моментот кога ќе започнат вашите промени.

 „Ако …“

„Ако“ е збор кој обврзува. Исто така, се применува во нашата култура, општество и семејство иако некогаш не сме ни свесни колку често. Зошто е тоа така? Кој го изговара тоа најчесто? Секој пат кога ќе слушнете дека сте го изговориле тој збор или го изговара некој ваш близок, нека тоа биде причина која ќе ја разбуди вашата љубопитност за да дознаете од каде доаѓа потребата за тој збор и како влијае врз вашето секојдевно однесување.

„Јас го заслужувам тоа“

Секако дека се подразбра дека вредите и важни сте. Но, изговарањето на тие зборови понекогаш може да звучи претенциозно, па луѓето околу вас да помислат дека очекувате да бидете наградени дури и кога тие не сметаат дека треба. Стручњаците сметаат дека употребата на овие зборови предизвикува повеќе штета отколку корист. Наместо да кажете дека заслужувате чаша вино по напорниот ден, можете да кажете дека би сакале да испиете чаша вино по напорниот ден.

„Се надевам“

Кога велиме дека треба да престанете да го користите овој израз, тоа не значи дека треба да престанете да се надевате. Она што треба да го знаете е дека кога ќе ја изговорите оваа фраза звучи како тоа да е нешто недостижно за вас кое не можете да го контролирате. „Се надевам дека еден ден ќе имам своја сопствена компанија“ звучи сосема поразлично од „Еден ден ќе имам сопствена компанија“. Поставете ги работите поинаку и ќе видите дека ќе почнат да ви се остваруваат.

„Никогаш“ и „секогаш“

Кога велиме дека нашиот партнер никогаш не готви или дека останува надвор до доцна, она што навистина го постигнуваме е продолжување на негативните (или неточни) наводи. Исто така, кога сме толку усмерени на негативни и краткотрајни ситуации, го блокираме гледањето на позитивните моменти во нашиот однос или живот. Дури и замената на „секогаш со често“ и „никогаш со ретко“, е исчекор во правилен правец.




Коментари

коментари