Чек дис аут
Search

5 ЗДРАВИ СМУТИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРОБАТЕ

Со сигурност можеме да потврдиме дека свеста кај луѓето за тоа како се хранат и од каде всушност доаѓа храната се зголемува. Многу луѓе почнуваат да следат совети за исхраната и да бидат информирани за тоа како да го одржат своето тело здраво.  Смутито, во последно време, стана еден од омилените појадоци на голем број девојки, па затоа решивме да ви дадеме идеја за нови, здрави комбинации на овошје кои се неверојатно вкусни. Погледнете. 

Смути од банана и путер од кикиритки

• 1 шолја млеко (можете да користите и кокосово млеко)

• 1 лажиче путер од кикиритки

• 1 банана

• малку спанаќ или кељ (не е задолжително)

• мраз (не е задолжително)

љ2

Испијте го кога ви е потребна енергија затоа што путерот од кикиритки содржи многу протеини и здрави масти. Кељот и спанаќот не го уништуваат благиот вкус на смутито, но му додаваат антиоксиданси и витамини.

Зелено смути

• 1 шолја млеко

• 1 рака кељ

• 1 авокадо со средна големина

• 1 банана

• 1 рака грозје

• 1 краставица (излупена)

• мраз (не е задолжително)

љ3

Направете вакво смути веднаш кога ќе станете и чувствувајте ја енергијата цел ден! Ова е најздравото смути кое постои. Може да му додадете и чиа семе кое содржи големи количини омега 3.

Розево смути

• 1 шоља млеко

• 1 рака замрзнати малини

• 1 рака цреши (свежи или замрзнати)

• 2 раце јагоди

• 1 банана

• мраз

• семе од чиа (не е задолжително)

љ4

Малините, црешите и јагодите не содржат многу шеќери и се полни со витамин Ц. Ова смути е одлично за ужина, односно кога ќе почувствувате глад пред ручек.

Смути од манго и ананас

• 1 шолја млеко (наместо млеко може да се користи сок од манго или ананас)

• 1 банана

• 2 парчиња манго

• 1 рака исецкан ананас

• 1 рака исечкана папаја (може и сушена, зависно од вкус)

• мраз

љ5

Комбинацијата на овие овошја ќе ви го снижи нивото на холестерол и ќе ви го наполни организмот со витамин Ц и А, кои ќе се погрижат вашата кожа да изгледа свежа и ќе ви ја зголеми концентрацијата. Одлично е за освежување во топлите летни денови.

Смути од банана и јагоди

• 1 шолја млеко

• 1 до 2 банани

• 5 до 10 јагоди (по вкус)

• 1 рака грозје (не е задолжително)

• семе од чиа (не е задолжително)

• мраз

љ6

Ова е класичното смути кое е најлесно за правење но e и највкусно. Нема претерано многу калории, а ќе ви даде енергија и ќе ве наполни со витамин Ц.




Коментари

[fbcomments]