5 златни мејкап правила за беспрекорен изглед

Трендовите за убавина, особено кога станува збор за шминка, се менуваат од сезона во сезона, но сепак повеќето жени остануваат верни на нивната рутина во шминкањето, која што на најдобар начин ја истакнува нивната убавина, но и со кои се чувствуваат потполно сигурно.

Се разбира, секоја рутина може дополнително да се подобри, за да можете беспрекорно да ја нанесете шминката и да ја истакнете својата убавина на најдобар можен начин, многу е важно да ги знаете златните мејкап правила.

 

  1. Колку е поприродно, толку подобро

 

Соодветна течна пудра е неопходна за да го изедначите вашиот тен, сепак, ако сакате природен изглед, нека биде приближно до природниот сјај на вашата кожа со тоа што ќе го ставите мејкап фокусот на коректорот и руменилото, кое што на вашето лице ќе ја врати природната свежина и сјајност.

 

  1. Визуелно отворете го погледот

 

Нанесете беж сенка на капакот од вашите очи, за да му дадете на око природна длабочина. Ќе добиете дополнителна димензија кога ќе нанесете потемна сенка на преклопот на очните капаци. Додатно, ќе го отворите окото со нанесување на бел молив на водната линија, а дополнителниот силен ефект ќе го постигнете со богат слој на маскара, што ќе им даде на вашите трепки дополнителен волумен по кој што копнеете.

 

  1. Извлечете максимум од своите усни

 

Прво, исцртајте ги усните со молив во бојата на усните, со што ќе ја дефинирате нивната форма и ќе додадете малку волумен на нив. Потоа, пополнете ги усните со сјај што ќе им даде целосен и сензуален изглед.

 

  1. Подгответе ја кожата за мејкап

 

Златното правило на беспрекорниот мејкап е детална подготовка на лицето. Прво, темелно исчистете ја и хидрирајте ја кожата. На овој начин, кожата ќе биде подготвена да ја задржи шминката во текот на целиот ден, без разлевање и пресликување на шминката, што не изгледа ни малку привлечно.

 

  1. Совршено нацртана линија со ајлајнер

 

Златното правило на совршената линија е отворено око. Кога нанесувате ајлајнер, важно е да го задржите окото малку отворено, за вашата линија да биде беспрекорна. Друга тактика е да се повлече линијата од 3 дела, прво да се нацрта линијата на надворешниот дел од очниот капак, потоа на внатрешниот, потоа на средината, на крајот само прецизно спојте и пополнете ги линиите и ќе имате совршено мачкино око, кое совршено изгледа на секоја жена.




Коментари

коментари