5 златни правила на козметичарите за совршена кожа

За да имате убава, негувана и тонирана кожа не е потребно да одите на скапи и долготрајни третмани. Потребна е правилна нега, а со овие 5 чекори, кожата на лицето и вратот ќе изгледа фантастично. 

Желбата за убава кожа е честопати причина зошто многу од нас трошат многу време и пари за разни третмани и производи со чија помош ја одржуваат убава и негувана.

1. Убавата кожа  последица на добрата храна и одмор

Можеби е очигледно, но мора да се напомене дека важно е подеднакво да се посветите на внатрешноста како и на надворешноста. Со нормално спиење и избегнување на стресот, голема улога во вашиот изглед игра и добрата исхрана. Треба да јадете намирници кои се полни со есенцијални масни киселини како што се авокадото, лосос, јаткастите плодови и семињата, за да ја храните кожата одвнатре. Исто така, би било пожелно да избегнувате глутенот, млечните производи и рафинираниот шеќер.

2. Треба да се има на ум дека заштитниот фактор е од клучно значење

Додека многумина зборуваат за благодетите од разни серуми за лице и хидратантни креми, козметичарите сметаат дека заштитниот фактор е она што е клучно за убавото лице.

Иако третманите како фракциски ласер, ласерска и светлосна терапија како и луштењето на кожата се многу значајни за отстранување на длабоките лузни на лицето, добриот и квалитетен заштиттен фактор кој секојдневно се нанесува на лицето и овозможува на кожата константно опоравување од помали и поголеми оштетувања.

3. Редовно правете пилинг – колку сте постари толку почесто

Свежата, влажна и исполирана кожа е хидратизирана и често на неа се прави пилинг. Со текот на годините, природниот процес на исфрлање на мртвите клетки се успорува и се насобираат давајќи им на лицето матен сив тон.

4. Нека биде едноставно

Кога се работи за секојдневната нега на лице, правилото кое важи е дека помалку е повеќе. Пилингот треба да се надополни со смирувачки и хранливи производи за кожа како хидратантна крема. Користењето на прегруби производи може д предизвика црвенило, преголема чувствителност и сушење на кожата.

5. Лицето завршува на деколтето

Кога жените ставаат серуми и хидратантни креми, треба да ги нанесуваат до деколтето, бидејќи кожата на лицето, вратот и околу клучната коска е потенка, па поради тоа и поподложна на создавање бори и разни кожни оболувања.




Коментари

коментари