Категории

6 математички прашања за тестирање на Вашата мудрост

Кога станува збор за математика, тука нема дилема – или сте ја мразеле уште од првиот момент кога сте слушнале за неа или сте ја засакале уште со првата решена равенка. Математиката може да биде многу забавна, особено ако се потрудите малку повеќе да размислите. Во продолжение Ви подготвивме неколку интересни математички прашања за коишто не Ви треба калкулатор. Проверете колку од нив знаете, а потоа погледнете ги и одговорите коишто се прикажани подолу. Размислувајте и забавувајте се.

1. Дали Пи е рационален или ирационален број?

2. Колку различни комбинации има Рубиковата коцка?

3. Кој број нема свој Римски број?

4. Што е поголемо, 100 или 10 на квадрат?

5. Колку секунди има во еден ден?

6. Кој човек изброил најбрзо до 1 милијарда?

Одговори:

1. Пи е ирационален број, не може да се запише како дропка.

2. Рубиковата коцка има 43 квинтилиони комбинации.

3. Единствениот број којшто нема свој Римски запис е бројот нула.

4. 100 е исто што и 10 на квадрат.

5. Во еден ден има 86, 400 секунди.

6. Човекот којшто изброил најбрзо до 1 милијарда е Џереми Харпер, за 89 дена во 2007 година.

 

Прегледи:
323
Објавено на:
11.11.2022