6 модни трендови за есен 2014

Есента ни се наближува, а секако со пониските температури доаѓаат и топлите џемпери, шаловите, интересните палта… Да видиме на што е ставен нагласокот престојнава есенска сезона.

Волнените плетки се тие што ќе не стоплат во престојнава есен. Одберете блуза, елек, масивен џемпер, хеланки… 

Принтот кој ќе биде тренди во престојнава сезона е психоделичниот. Неонски бои, шаренило, но сепак постои некоја топлина на боите која е својствена за есенските колекции.

Високиот шлиц на долгото здолниште ќе ви даде доза провокативност и женственост.

Време е за широки панталони.

Палта и јакни со крагња како од седумдесетите.

Фустани со А линија.

 

 




Коментари

коментари