6 најчести женски фрази кои мажите воопшто не ги сфаќаат: За нив е тоа квантна физика!

На многу ситуации мажите и жените гледаат различно. Сајтот „Bright Side“ издвоил 6 фрази кои не значат исто во зависност од полот. Дали станува збор за правила, грешки или сме само различни?

Ајде да разговараме

За него: Мажите овие зборови ги слушаат како проблем кој треба да биде решен. Ако ја слушнат оваа фраза тоа значи дека нешто не е во ред.

За неа: За жените комуникацијата е средство за поврзување со партнерот. Предлогот за разговор не мора да има цел, но одбивањето ги вознемирува.

Ти мене не ме слушаш

За него: Мажите подобро ги согледуваат информациите ако размислуваат за тоа, честопати изгледаат незаинтересирани поради тоа, а всушност слушаат внимателно.

За неа: Жените обично изразуваат загриженост преку гестовите или воздишките, сфаќајќи го лично разговорот. Мажите честопати не можат да го разберат таквото однесување.

Ајде да го направиме тоа заедно

За него: Мажите не сакаат да ја делат својата победа, сакаат пофалби само за себе и поради тоа не се добри во тимска работа. Но, тие нема да се сложат со оваа констатација.

За неа: Научниците велат дека хормонот окситоцин ги прави жените подружељубиви суштества од мажите. Важно им е сѐ што прават да прават заедно и на тој начин докажуваат дека не се сами.

Остави ме не ми се зборува

За него: Кога станува збор за компликации, мажите ретко говорат за проблемите. Вообичаено, ним им е потребно да молчат за да го надминат стресот или да размислуваат за проблемот.

За неа: Постои шега за жената која мисли дека нејзиното молчење е казна за мажот. И тоа е точно. Жените честопати се обидуваат да манипулираат со мажите преку молчење, додека мажите едноставно не го разбираат тоа однесување.

Ќе разговараме подоцна

За него: „Подоцна“ за мажите претставува неутрален збор, бидејќи нивните мисли можат да бидат окупирани и со нешто друго.

За неа: На жените не им претставува проблем да прават повеќе работи во исто време. Поради тоа, предлогот дискусијата да се остави за подоцна, за жените може да изгледа како навреда.

Во ред

За него: Мажите не се толку емотивни како жените, а тоа најмногу се забележува во нивниот говор. Во својот секојдневен речник користат многу помали епитети, за нив се сосема нормални зборовите како „во ред“, „добро“ или „ОК“.

За неа: Жената изговара околу 20.000 зборови дневно, што е 1,5 пати повеќе од мажите. За да ја искажат секоја емоција живописно, дамите користат зборови како „извонредно“, „прекрасно“ и слично, додека зборот „добро“ може да се смета за груб збор.




Коментари

коментари