6 парчиња облека кои пониските девојки треба да ги носат

Ако го читате ова, сигурно и вие сте една од девојките кои спаѓаат во категоријата +/- 160 цм и сакате некој центиметар повеќе. Секако, не можеме сите да бидеме високи, но со правилниот избор на облека и модни додатоци можете визуелно да ја продолжите својата фигура.

За да го постигнете тоа, ви претставуваме парчиња кои треба да ги имате во својот плакар.

Панталони со широки ногавици

Овој модел на панталони е идеален за ниските девојки од многу едноставни причини – совршено ги крие потпетиците кои се неизоставни во нивниот аутфит. За максимален ефект посегнете по моделите со висок струк кои дополнително ќе ги издолжат вашите нозе и ќе изгледате повисоки.

Обувки на платформа или потпетици

Кога станува збор за обувките, јасно е дека на ниските девојки им треба мало „појачување“ со потпетици или обувки на платформа. Тоа е сигурно наједноставниот начин за додавање неколку центиметри.

Фармерки со висок струк

Фармерките се безвременски моден додаток без кој не можеме да ја замислиме гардеробата, а високиот струк е најдобар начин за постигнување долги нозе за кои сите девојки сонуваат.

Краток капут

Предимензионираниот долг капут навистина може да биде многу удобен за носење, но факт е дека не оди во корист на висината. Затоа, при избирање на капут изберете краток модел и секако избегнувајте ги оние модели кои паѓаат од рамениците.

Кошула со „V“ израз

„V“ изразот во комбинација со висок струк е најдобриот моден сојузник на ниските девојки и така визуелно се издолжува фигурата. Токму поради тоа, кошулите со овој израз се најдобар избор.

Миди фустан стегнат на струкот

Повеќето луѓе ја знаат добропознатата стилска формула – ниските девојки и макси фустаните не одат заедно. За жал, тоа е вистина. Но, од друга страна, миди фустаните се одличен избор за ниските девојки, посебно ако се стегнати на струкот. Тој детал визуелно ги издолжува вашите нозе. И секако не заборавајте на „V“ изразот!




Коментари

коментари