Категории

6 потези со кои несвесно оставаме тешки последици врз децата

Можеби во некој од овие проблеми ќе се препознаете, па искористете го како поука да не му го правите тоа на своето дете…

Верувале или не, научно е докажано дека за голем број психички проблеми се одговорни емоциите и искуствата кои ги преживуваме во детство, а овие проблеми се директна последица на родителскиот однос спрема децата.

Анксиозност, депресија и недостаток на независност

Родителите кои постојано надгледуваат, проучуваат и ги критикуваат своите деца, иако добронамерно сепак тоа доведува до психолошки проблеми. Доколку ви е тешко да донесете одлука без консултација на родителите, вие припаѓате на оваа група, велат психолозите.

Штетни навики и зависност 

Доколку родителите постојано им велат на своите деца дека се проблематични, тие со тек на време ќе се почувствуваат вишок. Резултат на тоа се млади луѓе кои несвесно бараат пат да се уништат самите себе си, обично преку алкохол, дрога или други зависности.

Неспособност за одмор и релаксација

“Уозбили се!”, “Не се глупирај”,  “Не биди размазена”, се чести но многу штетни реченици упатени кон децата. Тоа креира премногу сериозни личности, кои не знаат да се опуштат, не ги разбираат другите деца и презираат детско однесување.

Недостаток на самодоверба, желба да се биде некој друг

Родителите кои често ги споредуваат своите деца со некои други “подобри” деца, ги претвораат во премногу самокритични тинејџери, а потоа и возрасни личности со комплекси на пониска вредност. Тие во животот секогаш се обидуваат да направат нешто повеќе, а истовремено се мразат самите себе дека не се супериорни во однос на некоја друга личност.

Потешкотии во приватниот живот

Доколку уште како дете добивате инструкции никому да не верувате, логично дека ќе се претворите во личност која верува дека светот е непријателски настроено место полно со замки, без трошка добрина.

Потрага по родителот во партнерот

“Премногу си мал за тоа”! Совршен начин да одгледате возрасно дете. Ова дете веројатно засекогаш ќе остане “премногу мало” и во својот партнер ќе го бара својот родител.

Прегледи:
437
Објавено на:
20.09.2017