6 работи кои ќе ве направат посреќни

Ако сте среќни, која е вашата тајна? Истражувачите откриле многубројни фактори кои влијаат на среќата, од гените па до личниот пристап кон животот, а подолу можете да ги прочитате тие кои се нашле на врвот на листата, а на кои може да се делува.

  1. Културизирајте се

Луѓето кои уживаат во уметноста и другите културни активности, обично се поздрави и посреќни. За мажите и физичките активности, престојот на отворено и волонтирањето, како и спортските настани- се причина за среќа.

  1. Чувајте милениче

Луѓето кои имаат милениче се посреќни луѓе од просекот. Куче, маче, или некое друго куќно милениче ќе ви помогне да биде посреќна личност.

  1. Бидете благодарни

Моќта на позитивното размислување за некои луѓе е бесмислено, но според научниците луѓето кои имаат навика да се сеќаваат или да ги запишуваат убавите и среќни мигови во животот се значително посреќни и позадоволни.

  1. Култивирајте алтруизам

Истражувањето спроведено во 2008 година открило дека луѓето кои умеат да потрошат пари на друг наместо на себе се посреќни. И не само тоа, луѓето кои волонтираат, покажало истражувањето во 2011 година, имаат и посреќни бракови од просекот.

  1. Бидете носталгични

Гледајте на минатото низ розеви наочари. Паметете ги само среќните мигови, а тие другите оставете ги во минатото. Сеќавањето на убавите моменти од минатото ја прави вашата сегашност посреќна.

  1. Немојте премногу да се трудите

Студија спроведена во 2011 година открила еден парадокс. Луѓето кои премногу се трудат да бидат среќни се помалку среќни од луѓето кои помалку размислуваат за среќата.




Коментари

коментари