Категории

6 работи кои мора да престанете да ги правите за да имате подобри врски

Понекогаш се случува ние самите да си го саботираме односот со луѓето кои навистина ни значат. Во ваквите случаеви, потребно е да видиме каде сме згрешиле и што да правиме подобро во иднина. Еве 6 работи кои треба да престанеме да ги правиме со цел да имаме подобри врски и/или пријателства:

  1. Престанете да пробувате да победите во расправиите. Почнете да ги гледате проблемите зад расправијата и пронајдете решение.
  2. Престанете да претпоставувате дека другите знаат кои се Вашите потреби и почнете да им ги кажувате вашите потреби, желби и чувства.
  3. Не се надевајте дека другите веднаш ќе ги разберат Вашите граници. Почнете да ги поставувате тие граници и продолжете да ги почитувате границите на другите.
  4. Не сите луѓе размислуваат исто. Не треба да ги убедувате другите луѓе да размислуваат како Вас. Едноставно почитувајте го нивниот поглед на светот.
  5. Престанете да барате било каква форма на валидација од други луѓе и фокусирајте се на тоа Вие да сте среќни со себе и Вашите одлуки.
  6. Немојте да пробувате да дознавате работи од контекст или да пробувате да сфатите позадински мисли и намери. Наместо ова директно прашајте за појаснување.
Прегледи:
69
Објавено на:
23.09.2022